Сајбер роза: Цвеќе на иднината

Со напредокот на технологијата ниту розите, повеќе нема да бидат само рози. Група на шведски научници создаде своевидно сајбер цвеќе исполнето со електронски кола.

Идејата е да се создаде нов вид на цвеќе кое ќе може да реагира на промените од околината. Електричните кола ќе може да му помогнат во растењето, па дури и во цветањето.

Научниците го извеле својот експеримент така што ги потопиле розите во синтетички полимер наречен PEDOT-S. Цвеќињата го внеле полимерот во својот систем преку нивните стебла како хранлива состојка што се добива од водата. Откако бил внесен во растението PEDOT-S развил спроводни мрежи долги и до 10 см.

Со тоа научниците можеле да ги контролираат електролитите на розата и да создадат функционални кола. Авторите на студијата велат дека во иднина може да се создаваат кола кои ќе овозможат промени кај растенијата кои денес се возможни само со генетички инженеринг.

-Сега навистина можеме да зборуваме за мали електрани во растенијата. Можеме да постави сензори во нив, да ја користиме енергијата од хлорофилот, да продуцираме зелени антени или нови материјали. Сè се случува природно и ги користиме напредните и уникатни системи на самите растенија, изјавуваат научниците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...