3D материјал кој менува форма

Истражувачите од Harvard University креирале 3D материјал способен да ја менува големината, волуменот и формата и да издржува огромни тежини.

Новиот материјал со влијание на надворешна сила може да поприми најразлични форми (па дури и самиот да се притиска/деформира), а кога е во сплескана состојба има способност да издржи тежина на слон – инаку, просечен слон тежи од округло 4 до 7 тона.



Johannes T.B , главниот автор на студијата напишана во врска со овој материјал, вели дека неговиот тим го создал со цел да биде користен во ре-програмабилни архитектонски објекти. Тие во објектот направен од материјалов вметнале пневматски активатори (т.е воздушни џебови) на кои, со програмирање, можат да им се даваат „упатства“ како да го превиткуваат и формираат. Потоа, од 64 помали коцки (т.е „ќелии“) наредени 4х4х4, создале структура (инспирирана од оригами техниката наречена „snapology”, која можела да расте и да се намалува преку манипулирање на индивидуалните ќелии. Нејзините димензии биле 36х36х36см и тежела само половина килограм, а кога била комплетно сплескана била доволно цврста да издржи огромни тежини пред повторно да се врати во првобитната форма.

Промената во структурата исто така ја менува и вкочанетоста на материјалот, што му дозволува да биде вметнат во разни типови на активатори како диелектрични (електрични изолатори кои можат да бидат поларизирани со примена на електрично поле) , термални, или пак во вода.

Бидејќи секоја структура направена од овој материјал би била комплетно скалабилна, тој би функционирал во најразлични големини – од изработка на минијатурни хируршки стентови до преносни куполи на „надувување“ кои би се користеле во ситуации кога се има случено некоја катастрофа па потребни се привремени објекти за живеење/сместување на повредени. Исто така, тој може да биде програмиран да „комуницира“ со околината на различни начини – на пример, еден кров направен од него, кога времето е топло, ќе може самостојно да ја отвора неговата микроструктура што ќе дозволува на свежиот воздух да влезе во просторијата. Истиот тој кров, доколку почне да врне, самиот ќе ја затвори и ќе се зацврсне за да не ја пропушта водата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...