Лабораториска кожа со влакнести фоликули, жлезди и нерви

Ново достигнување во регенеративната наука може да отвори пат за создавање на органи во лабораторија и да започне нова ера во развојот на вештачката човечка кожа.

И досега било возможно да се создава вештачка кожа во лабораторија, но само нејзиниот надворешен дел, т.е епидермисот. Сега е можно креирање на сè комплет, вклучувајќи ги и масните ткива, влакнестите фоликули, жлездите и нервите.



Тимот воден од Dr. Takashi Tsuji од Riken Center for Developmental Biology во Кобе, користел матични клетки за да ги креира сите слоеви на кожата, кои биле успешно трансплантирани на глушец. Успешноста на експериментот била базирана на фактот што глушецот успеал да израсне влакна и да се поти низ кожата направена по пат на био-инженеринг.

Присуството на сите потребни ткива во разните слоеви е од клучно значење, бидејќи оваа вештачка кожа може самата да си ги регулира функциите, т.е комплетно да ги реплицира сите функции кои ги има „вистинската“ кожа.

Со ова достигнување, научниот свет сè повеќе се доближува до можноста за комплетно рекреирање на внатрешните органи во лабораторија, со цел да се користат за трансплантации.

Овој метод на производство на ткива во лабораторија ќе понуди подобра алтернатива во однос на тестирањето на разни лекови и продукти врз животни, но и многу поефективни регенеративни терапии за пациентите со изгореници на кожата, или на оние кои боледуваат од алопеција (автоимуна болест, при која имунолошкиот систем, кој е задолжен да го штити организмот од надворешни елементи како што се вирусите и бактериите, по грешка ги напаѓа фоликулите на косата, што може да доведе до опаѓање на косата на главата и сите други места.)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...