Детектирање на тумори без допир на телото

Постојат многу начини да се детектира канцерот, од кои најкористени се рендгенските снимања и компјутерската томографија, а во поново време и некои експериментални кои вклучуваат користење на примероци од крв или урина. Заедничко за сите нив е што не само што се непријатни за пациентот, туку дел од нив и предизвикуваат болка или пак бараат да се изведуваат долг временски период.

Електроинженери од Стенфорд измислиле уред (со кој моментално експериментираат) кој може да детектира канцерогени тумори без воопшто да ја допре површината од телото – слично на уредот од Star Trek сериите, наречен Tricoder, кој меѓу останатите ја имаше и функцијата да дијагностицира болести преку скенирање.

Уредот од Стенфорд го прави тоа со усмерување на микробранови кон целната површина, притоа барајќи специфични ултразвучни бранови генерирани од експанзијата и контракцијата на можниот тумор.

Истражувањето било поттикнато од DARPA иницијативата за создавање на уреди кои можат да пронајдат закопани експлозивни направи, без да ја допрат површината на земјата (што би можело да ги активира експлозивите). Тоа го правеле со помош на микробранови кои ја загревале сомнителната површина, предизвикувајќи ширење и стеснување на почвата која со тоа го притискала пластичниот експлозив. Овие контракции генерирале серија од ултразвучни бранови кои можеле да се детектираат и анализираат, со што се откривало присуството на закопаните експлозиви.



Овој принцип би функционирал и кај канцерогените тумори, бидејќи околу нив се создаваат додатни крвни садови преку кои што се хранат и растат. Овие крвни садови ја апсорбираат топлината различно од околното ткиво, така што туморите би требало да се покажат со помош на ултразвучните бранови.

Истражувачите сметаат дека доколку овој систем за детекција се усоврши, не само што ќе биде многу по пренослив од било кој од сегашните, туку ќе биде и значително поевтин во споредба со нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...