Централа за филтрирање и складирање на CO2

Ефектите од климатските промени стануваат сè повеќе очигледни со растењето на температурите и емисиите на CO2. Се предвидува дека до 2030, океаните ќе претрпат масовен губиток на кислород, а помеѓу 2030 и 2050-та, околу 250 000 луѓе може да умрат како резултат на социјалните и еколошки ефекти од овие промени.



Поради тоа се прават напори што повеќе да се намалат емисиите на штетни гасови со користење на обновливи извори на енергија, а сега е изнајден и уште еден начин тоа да се постигне – со „заробување“ и чување на јаглеродот од воздухот. Тоа би вклучувало вшмукување на гасовите кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, и нивно складирање.

Швајцарската компанија Climeworks ќе изгради пилот централа во близина на Цирих која треба да проработи во септември или октомври и која ќе го вшмукува и филтрира јаглеродниот диоксид (CO2) од воздухот, кој ќе биде „заробуван“ во сунѓерест филтер, од кој што ќе може да биде ослободен само со загревање.

Компанијата потоа овој складиран гас планира да го продава во големи количини ($600 за еден тон) на компании од земјоделската индустрија, како и на производители на газирани пијалаци. Една ваква централа ќе биде способна да собира околу 900 тони CO2 годишно, што е еквивалент на емисии од околу 200 автомобили годишно.

Колку оваа технологија ќе заживее и има успех, останува да се види. Во меѓувреме, други компании како Carbon Engineering (делумно спонзорирана од Bill Gates), пак, преку нивни системи имаат намера да го конвeртираат јаглеродниот диоксид во e-diesel гориво, што значи постојат повеќе начини како овие гасови можат паметно да се искористат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...