КАКО СЕ СКЛАДИРА И ВРАЌА МЕМОРИЈАТА?

10 прашања за кои ни науката нема објаснување

Во последниот век може да забележиме дека науката напреднала со неверојатна брзина, но се уште постојат прашања за кои дури ни научниците немаат одговор. Дури ни напредната медицина и технологија не можат да помогнат. Зошто сонуваме, дали постои Бог, што се случува по смртта и уште многу други.

10. Дали постои Господ?



Науката смета дека пред 13.7 милијарди години Биг Бенг го создал универзумот. Сепак, науката никогаш не откри зошто Биг Бенг се случил и што се наоѓало пред него. Научниците се уште се во заблуда за тоа како пораснале првите живи организми од нежива материја. Математичарот Роџер Пенроус пресметал дека веројатноста од создавање на нашиот универзум исполнет со живот би бил број приближен до нула. Поради тоа, прашањето дали постои некој семоќен, кој ја имал моќта да ја создаде нашата вселена, останува неодговорено.

9. Како се складира и враќа меморијата?



Кога се учи некој нов факт, во мозокот се случуваат физички промени преку мрежа од синапси и неврони. Сепак, невролозите не можат целосно да разберат какви се овие промени и како тие го задржуваат знаењето. Иако постојат некои теории како се складира меморијата, концептот кој ги остави невролозите во недоумица е како се враќа меморијата. Научниците се надеваат дека ќе разберат како во еден мал дел од секундата, може да повратиме настани кои се случиле во минатото. Иако оваа тема е многу истражувана, се уште останува нерешена.

8. Зошто сонуваме?



Раните цивилизации веруваа дека соништата се пат меѓу Земјата и Господ. Подоцна ова верување беше отфрлено, со оглед на теоријата на Фројд дека сонот ги искажува нашите потсвесни желби. Општо прифатено е дека соништата се клучни во процесирањето на емоциите, а истражувањата за време на спиење открија дека при сон доаѓа до брзо движење на очите и точка во која најмногу ќе го запаметиме сонот. Но, зошто се појавуваат чудни слики додека спиеме, се уште останува нејасно.

7. Зошто се проѕеваме?



Во просек, личноста се проѕева околу 250.000 пати во животот. Покрај ова, научниците се уште не можат да ја откријат причината за оваа појава. Неодамнешно истражување покажува дека проѕевањето го лади мозокот и му овозможува да ја зголеми интелектуалната работа. Истражувачите кои се занимаваат со испитување на проѕевањето дебатираат дека не постојат доволно докази за да се поддржи оваа теорија. Фактот дека проѕевањето е заразно е уште поголема загатка. Постојат некои еволутивни теории кои тврдат дека проѕевањето доаѓа од мајмуните, кога оваа појава се користела како знак за комуникација, но не постојат докази ни за оваа теорија.

6. Од што е создаден универзумот?



Атомите, кои формираат сè што гледаме околу нас, се само 5% од универзумот, но астрономите не можат да објаснат што се останатите 95% од универзумот. Во последните 80 години, астрономите одредиле дека поголемиот дел од универзитетот е создаден од две целини: Темна материја и темна енергија. Темната материја се верува дека ги поврзува галаксиите заедно, додека темната енергија го проширува универзумот. Но, бидејќи темната материја и енергија се невидливи на светлина и електромагнетна радијација, невозможно е да се забележат или да се разберат што се тие всушност.

5. Што се случува откако ќе починеме?



Научниците докажале два стадиуми на смрт. Клиничка смрт, кога срцето престанува да бие и биолошка смрт, кога сите други органи престануваат со работа. Сепак, што се случува по смртта останува неразбирливо за истражувачите. Некои луѓе кои имале блиски искуства со смртта тврдат дека почувствувале како телото им станува полесно и ги гледаат оние кои им биле блиски, но починале. И покрај проширените истражувања на оваа тема, не постојат конкретни невролошки или биолошки објаснувања.

4. Може ли да се разбудиме 200 години во иднината?



Идејата на хронично зачувување е една активна тема меѓу научниците со децении. Вклучува заштитување на телото на човекот на многу ниска температура со надеж дека идната медицинска технологија ќе го обнови еден ден. Криобиологистот д-р Дејонг Гоа вели дека може успешно да се зачува многу мал дел од инсектите и едноставни ткива како и крвни садови, но замрзнувањето на човечко тело е многу поголем предизвик. Дури и ако сакате да го замрзнете мозокот, ќе бидат потребни многу различни техники. Научниците не можат да одговорат колку долго ќе му треба на телото за да биде техниката успешна и дали тоа е навистина возможно.

3. Што има на дното на црната дупка?



Црните дупки имаат гравитација која е толку силна што може сè да повлече и да го зароби засекогаш. Иако астрономите имаат проширено знаење за црните дупки, тие не беа во состојба да разберат што се наоѓа на нивното дно. Ајнштајн успеа да докаже дека црните дупки продолжуваат да се задлабочуваат сè додека не станат многу мали, а некои физичари веруваат дека делуваат како бродско прозорче на други универзуми. За жал, немаме алати и доволно напредна технологија за да се докаже некоја од овие теории, па вистината останува мистерија.

2. Дали постојат духови?



Присуството на духови кои ја прогонуваат Земјата се дебатира со векови. Забележани се илјадници фотографии, видеа и појавувања на духови, но не е докажан ниту еден научен доказ. И пронаоѓачите на духови и научниците употребувале електромагнетни детектори и термални слики со цел да најдат научни докази за нивното постоење, но ниту еден успешен. Повеќето научници веруваат дека овие појавувања се предизвикани од ментален феномен, електрични полиња и окуларни вибрации. Сепак, овие теории ниту може да бидат потврдени ниту непотврдени.

1. Како работи плацебо ефектот?



Феноменот каде што лажното лекување може да го подобри здравјето на пациентот, само поради тоа што веруваат дека тоа ќе се случи, ги збунува докторите со децении. Испитувања на клинички тестирања со лекови против болка во последните 25 години покажале дека во Американските испитувања, заздравувачката сила од плацебо ефектот станала уште посилна. Оттогаш се спроведуваат експерименти со цел да се разбере силата која ја има мозокот за да го подобри здравјето и како некои пациенти се поподложни на плацебо ефектот од други. Сепак, не е пронајдено ниту едно објаснување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...