НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИВААТ:

Кога се постигнува максимумот при учење, спортување, совладување емоции..

Знаете ли која е вашата најдобра животна доба за некои работи? Тоа зависи од вашите приоритети, велат стручњаците кои анализирале широк распон на физички и ментални особини, преку кои утврдиле која животна доба е најдобра за секој приоритет. Иако тие најдобри периоди од животот претставуваат некоја просечна година, таа година се зема како мерна точка која може да отстапи во зависност од конкретните околности во нечиј живот.

Учење на странски јазик на 7- 8 години



Иако лингвистите и психолозите се уште не се усогласени во врска со ова прашање, научно е прифатено дека токму 7 - 8 година од животот на детето е идеална за учење на друг јазик, бидејќи тогаш децата имаат најголема способност на памтење. Исто така, пубертетот се уште не настапил, па постои и најмало количество на хормонални нарушувања, па мозокот многу полесно се фокусира на учење преку игра и речиси без поголем напор.

Најмали шанси за смрт на 9 - 10 години

Според податоците од развиените земји на западниот свет, најмал ризик од смрт имаат децата постари од 9,10 години, со оглед на тоа дека ја преживеале првата фаза на детството.

Најдобра способност на мозокот да процесира податоци на 18 години

Еден од најдобрите начини за проучување на когнитивната способност на мозокот е т.н. симболички тест на кодирање броеви, во кој на испитаниците им се дава збир од броеви и од нив се бара да се кодираат во правилен симбол. Во просек, 18-годишниците најдобро ја решаваат оваа задача.

Најдобра способност за паметење на непознати податоци на 22 години



Во оваа доба доаѓа до комбинација на полнолетност и располагање со знаењето стекнато од порано, па најдобро се памтат новите работи кои мозокот ги поврзува со старите.

Жените се најпривлечни на 22 години, а мажите во доцни 20-ти

Според големата студија објавена во книгата Datacylsm, жените се најпривлечни на 22 години, додека мажите најдобро изгледаат на 29 години. Привлечноста во оваа категорија е направена исклучиво според физичкиот изглед.

Задоволство со животот на 23 години

Според едно германско истражување спроведено врз 23.000 луѓе, токму младите на возраст од 23 години, се најзадоволни со својот живот, земајќи го во предвид чувството на сигурност, забава, оптимизам и можности.

Најсилни сме на 25 години



Нашите мускули се најсилни на 25 години, иако и во наредните 10 години ќе останат еднакво силни и способни. Сепак на ова може да се влијае индивидуално.

Најбрзо трчање на 28 години

Според анализата од 50-годишните резултати врз маратонците, најмногу луѓе победувале во трчање на долги патеки токму во 28-та година од својот живот.

Најсилни коски на 30 години

Коските се најсилни на 30 годишна возраст, а за да ви останат такви мора да се потрудете да се храните здраво и да внесувате доволно витамин D и калциум.

Најуспешни шахисти на 33 години



Научниците сакале да откријат дали физичките и интелектуалните вештини работат поразлично како што луѓето стареат, па ги проучувале играчите на шах, односно 96 од нив. На тој начин заклучиле дека повеќето од нив играле најуспешно на 33 годишна возраст.

Нобеловците имаат најголеми откритија на 40 години

Според истражувањето на американскиот национален оддел за економски студии, просечниот добитник на Нобелова награда е стар 40 години.

Платата кај жените е највисока на 39 години, а кај мажите на 48 години

Иако висината на платата зависи и од инфлацијата, генерално гледано, жените најмногу заработуваат во 39-тата година од животот, додека мажите, чија плата расте во текот на животот, најмногу пари на сметка добиваат во 49-тата година.

Емоциите кај другите луѓе најдобро ги разбираме во 50-те години

Според истражувањето врз повеќе од 10.000 луѓе, испитаниците во средна доба, а најмногу оние во доцните 40-ти и рани 50-ти години, најдобро ги разбираат туѓите емоции, со оглед на тоа дека до тогаш собрале доволно животно искуство.

Најдобри аритметички вештини на 50 години



Кај пресметките напамет, најдобри се покажале 50-годишниците, со оглед на нивното големо искуство.

Животното задоволство повторно е најдобро во 69-та година

Иако првиот врв на задоволство е на 23-годишна возраст, истото повторно се јавува на 69 години, а над 55% од луѓето тврдат дека никогаш не замислувале дека може да искусат таква среќа каква што доживеале во тие години.

Луѓето како стареат навистина стануваат помудри

Животот е најдоброто училиште. Тим на психолози испитувале луѓе од сите животни доби во врска со бројни животни прашања, оценувајќи ја способноста за туѓо гледиште, проширени ставови, применето знаење од други искуства и промени. Откриле дека најстарите групи на луѓе добивале најмногу бодови, а најдобри решенија покажале оние на старост од 60 до 90 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...