Потврда за можно постоење на 5-та фундаментална сила

Постојат 4 фундаментални сили во физиката кои го „држат” нашиот Универзум – гравитација, електромагнетизам и слабите и јаки нуклеарни сили.

Но, минатиот април, унгарски физичари забележале докази за можна 5-та сила која потенцијално би можела да ги објасни мистериите на Универзумот, како што е темната материја.



Тие испукале високо-енергетски зраци од протони врз литиум-7 и како повратна информација добиле енергетски потпис на нова, супер-лесна субатомска честичка. Оваа честичка била тип на бозон 30 пати потежок отколку електронот и не била предвидена со стандардниот модел на физиката на честички. Според тој модел, секоја од фундаменталните сили има соодветна бозон честичка, а новооткриената, според карактеристиките, не припаѓала на ниедна од нив.

Хипотетичкиот нов бозон, наречен „протофобичен X бозон“ е многу тешко да се детектира, бидејќи се поврзува само со електрони и неутрони во исклучително ограничен опсег.

За жал, за ништо од ова не постојат дополнителни потврди со експерименти, бидејќи таквите експерименти се очекуваат да се спремни дури за една година.

Доколку навистина се потврди постоењето на 5-та фундаментална сила, тоа ќе значи дека доколку истата се спои со електромагнените и слабите и јаки нуклеарни сили, може да се манифестира во еден вид на „супер фундаментална сила“ која би била способна за интеракција со темниот сектор кој има сопствена материја и сили, што би помогнало за подобро разбирање на темната материја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...