ConFlexPave – флексибилен бетон

Научници од центарот за иновации во индустриската инфраструктура од Nanyang Technological University развиле нов тип на бетон кој е флексибилен и поиздржлив отколку обичниот кој сега го користиме и го нарекле ConFlexPave.



ConFlexPave може значително да ја намали тежината и дебелината на однапред излеаните бетонски плочки, правејќи ги полесни за транспорт и инсталација, со тоа преполовувајќи го времето потребно за на пример, поплочување на тротоари. Исто така, бидејќи е потраен, потребно му е многу помалку одржување во споредба со конвенционалниот бетон.

Покрај цемент, вода и песок, ConFlexPave се состои и од специјални синтетички влакна (полимерски микровлакна) кои му овозможуваат да се растегнува и витка под притисок, притоа зголемувајќи ја отпорноста на лизгање.



Поради специфичните материјали потребни за да се направи, овој нов тип на бетон чини малку повеќе отколку обичниот, но според Др. Yang En-Hua кој е водач на проектот, откога ќе се земе в предвид неговиот животен циклус и намалувањето на работната сила потребна за инсталацијата, испаѓа дека всушност е поекономичен во секој поглед.

Потенцијалот на ConFlexPave се гледа во намалување на штетата врз инфраструктурата предизвикана од земјотреси или сл.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...