Транспарентни прозорци од дрво

Дрвото е јак и разновиден градежен материјал, но има недостатоци – скапува, го јадат бубачки и ја блокира светлината. Обичните стаклени панели, пак, не се ништо подобри – лесно се кршат и пропуштаат голем дел од енергијата во и надвор од просторот во кој што се вградени.



Инженери од University of Maryland решиле како да го искористат најдоброто од „двата света“ и преку патентиран процес да создадат проѕирно дрво - материјал кој е многу поцврст и има висока апсорбција на енергија која ги елиминира безбедносните проблеми кои се среќаваат кај обичното стакло.

Точниот и детален „рецепт“ за правење на проѕирното дрво сега засега се држи во тајност, а единствено се знае дека во процесот се користат белило, епоксидна смола и секако, дрво.

Прво, истражувачите го потопувале дрвото во натриум хидроксид, хемикалија која го отстранува лигнинот, т.е состојката од дрвото која му ја дава бојата и го прави јако и отпорно на џвакањето од штетници. Овој процес траел 10-тина минути за едно парче дрво и до 24 часа за една помала клада.

Потоа, дрвото се ставало во „чиста течност“ – во оваа фаза тоа било крцкаво и лесно се ронело. Вака процесирано, било потопувано во епоксидна смола слична на лепак која го зацврснувала и го правела проѕирно. Овој процес ги претвора целулозните цевки во дрвото кои инаку служат за пренос на водата кон лисјата, и на шеќерите кон коренот, во високо ефикасни дифузери на светлина.

На ваквото проѕирно дрво му е доволно многу мало количество светлина за да целосно и рамномерно го осветли, а и поради задржаните својства од „оригиналното“ дрво, тоа е многу подобар изолатор од топлина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...