Кучињата и разбирањето на човечкиот говор

Нова студија изведена од унгарски истражувачи сугерира дека кучињата не само што можат да ги разберат зборовите кои им ги кажуваме, туку го разбираат и начинот на кој што ги кажуваме, користејќи исти делови од мозокот како и луѓето, задолжени за препознавање на говорниот јазик.



Кога луѓето го процесираат говорот кој што го слушаат, левата хемисфера на мозокот го процесира значењето на зборовите, додека десната ја процесира интонацијата. Потоа тие два типа на информации се интегрираат во мозокот, при што се создава унифицирано значење.

Кога тимот научници ја мерел мозочната активност на кучињата со помош на fMRI скенер, тие откриле дека ист тип на когнитивна поделба се случува и во мозоците на кучињата.

За време на експериментот, на 13 кучиња им биле пуштани снимки од гласовите на нивните тренери кои зборувале користејќи различни комбинации од зборови и интонации, кои им се обраќале пофално или неутрално.

Биле користени комбинации од пофални зборови кажувани со неутрален тон или со интонација која одговарала на пофалбите, од неутрални зборови кажувани со пофален тон, и неутрални зборови кажувани со неутрален тон.



Било заклучено дека без разлика со која интонација биле кажувани пофалните зборови, мозочната активност на кучешките мозоци сугерирала дека тие ги разбирале зборовите исклучиво како пофалба. Меѓутоа, пофалбата ги активирала мозочните центри за награда кај кучињата, само доколку била кажувана со адекватна интонација. Тоа значи дека доколку сакате вашето куче навистина да се чувствува среќно, кога го фалите вашата интонација мора да одговара на она што го зборувате.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...