Пронајдена сондата Philae

Во мај 2015, Европската Вселенска Агенција комплетно го изгуби контактот со сондата Philae, дел од мисијата Rosetta.



Сега, на скоро еден месец пред оваа мисија да заврши, камерите во висока резолуција на леталото Rosetta кое орбитира околу кометата, конечно ја забележале локацијата на изгубената сонда.

Во ноември 2014-та, Philae требаше да слета на кометата наречена 67P/Churyumov-Gerasimenko. Тоа и го направи, но при слетувањето два пати се одби од површината на кометата и слета во реон кој е во сенка. Бидејќи до соларните панели на сондата не можело да дојде доволно светлина за да ги наполни, таа функционирала 57 часа пред да се исклучи.



Кога кометата 6 месеци подоцна се приближила до сонцето, Philae собрала доволно енергија да прати сигнал назад до земјата, и после тоа од неа немало ни трага ни глас.

На почетокот на овој месец, Rosetta ја фотографирала кометата од далечина од скоро 3 километри, а по детална анализа на фотографиите конечно во еден од процепите била забележана Philae.

Иако сондата веќе не функционира, нејзиното пронаоѓање ќе им овозможи на научниците полесно да ги „дешифрираат„ последните слики кои таа ги имала испратено, а и точната локација на нејзиното „вечно почивалиште“ барем нема да биде мистерија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...