Мистериозен ритуален комплекс до Стоунхенџ

Голем преисториски церемонијален комплекс бил откриен на околу 2.4km од Стоунхенџ.

Откривањето на оваа локација е доказ дека стотици години пред Стоунхенџ да биде изграден, целиот тој регион бил многу повеќе ритуалистички активен отколку што археолозите претходно сметале и може да ни појасни зошто мистериозниот споменик од камења бил воопшто изграден.

Постојат многу хипотези за целта на постоењето на Стоунхенџ, а една од нив е дека бил користен како некој вид на астрономски календар или локација за религиозни обреди.

Ново откриениот комплекс бил изграден пред околу 5650 години – повеќе од 1000 години пред Стоунхенџ да биде комплетиран и се состои од сегментирани ровови во должина од околу 950 метри, во форма на два концентрични круга. Структурата била откриена од Министерството за одбрана а Велика Британија, кога го подготвувале теренот за изградба на воени куќи.

Досега, археолозите откопале околу 100 метри – скоро 17% - од надворешните ровови, што значи има уште многу за откопување, а откриени биле докази за ритуално користење на структурата , кои вклучувале фрагменти од намерно искршени чинии, големи количини на животински коски, но и на човечки.

Некои од рововите биле користени и за закопување на луѓе, што сугерира дека локацијата била свето место.

Археолозите исто така пронашле керамичка урна која била 1900 „помлада„ од останатите работи пронајдени во рововите, што сугерира дека комплексот бил користен илјадници години откога бил изграден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...