Со подобрена фотосинтеза до зголемување на количините храна во светот

Во контекст на растенијата, концептот на генетски модифицирани организми (GMO) се однесува на внесување на генетска информација од една врста на билки, во друга, за да целната билка наследи одредена карактеристика која што претходно ја немала. Овој процес е најмногу користен за да се подобрат приносите – на пример, еден тип на ориз бил направен водоотпорен, така што родот не бил загрозен од обилните поплави од тајфуните.

Сега, група истражувачи од калифорнискиот Универзитет Беркли објавиле студија која објаснува различен пристап од овој – наместо внесување на генетска информација од една врста во друга со цел другата да се смени, овие биолози користеле генетски модификации да прилагодат веќе постоечки механизми наследени во билките.

Билките имаат една врста на „штит од сонцето“ кој ги спречува да бидат оштетени од него при преголема изложеност на светлина. Механизмот е наречен „не-фотохемиско калење“ (NPQ), и додека се одвива, хлоропластите го испуштаат вишокот фотони во облик на топлина. Проблемот лежи во временската разлика потребна за „исклучувањето“ на NPQ механизмот откога светлото ќе го снема, бидејќи кај билките тој се одвива со часови додека се во сенка, откога сонцето зашло, што доведува до помалку фотосинтеза и помало растително производство.

Тимот од Беркли идентификувал три протеини одговорни за исклучување на овој механизам и теоретизирал дека додавање на повеќе нивни копии во билката би го исклучувало механизмот побргу. Тие ја тестирале оваа теорија во насади тутун, што како резултат дало зголемување на тежината на растението за 14 до 20% во однос на немодификуваните билки.

Ова значи дека доколку се потврди успешна и за други типови на билки, методава може неколку кратно да го зголеми светското снабдување со храна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...