Пронајдени отпечатоци од „џин“ стари 3.7 милиони години

Серија од 13 фосилизирани отпечатоци од стапала стари околу 3.7 милиони години, оставени од некој од нашите пред-човечки предци, биле пронајдени во Танзанија, и сугерираат дека тие најверојатно биле многу повисоки отколку што досега сме сметале.

Според тимот истражувачи заслужни за ова откритие, водени од Фиделис Т Масао од Дар ес Салам универзитетот во Танзанија, отпечатоците се долги 26cm – според тоа, индивидуата која ги оставила би требало да биде висока околу 165cm, и тешка најмалку 45kg.

Мистериозните отпечатоци го добиле името S1, што е исто така име на локацијата во Лаетоли, Танзанија, каде што биле пронајдени, а истражувачите се сомневаат дека припаѓале на врстата Australopithecus afarensis – тоа е истата врста како примерокот „Луси“, чии скелетни остатоци биле пронајдени пред 40год. во Етиопија.

Но „Луси“ била висока околу 106cm, во чија што споредба S1 е вистински џин.

Иако 165cm височина не е премногу за денешните стандарди, раните предци на луѓето не биле способни да ја достигнат таа височина во наредните 1.5 милиони години откога овие отпечатоци се направени.

Дали се работи за ретки индивидуи кои пред 3.7 милиони години успеале да ја постигнат оваа височина, или пак тоа било вообичаено, ќе покажат понатамошните истражувања на овој локалитет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...