Омилениот оброк причина за смртта на најголемиот вид ајкули

Истражувачите сметаат дека конечно откриле зошто најголемиот вид на ајкули (Carcharocles megalodon) изумрел пред 2.6 милиони години – а причината за тоа бил нивниот омилен оброк.

Според нови анализи на мегалодонски фосили, тимот истражувачи од Универзитетот од Пиза, Италија, вели дека овие ајкули долги 16 до 20 метри изумреле откога џуџестите китови (нивното омилено јадење) исчезнале од нашата планета која била во процес на затоплување, оставајќи им место на поголемите видови на китови кои што ги знаеме денес.

Мегалодоните, инаку, биле гигантски предисториски ајкули со 3 метри широка вилица со која можеле да изедат или скршат буквално сè пред нив, а пливале низ нашите океани околу 20 милиони години, пред одеднаш да изумрат пред околу 2.6 милиони години.

Нивниот омилен плен биле китови со должина помала од 5 метри – скоро една третина од нивната големина, но климата која што се затоплувала постепено ги убивала овие мали китови, така што изворот на храна за мегалодоните сè повеќе се намалувал.

Истовремено, половите на Земјата се истопиле и поголемите китови бргу се адаптирале на овие поларни студени води кои почнале да ги полнат океаните. Тоа довело до две работи: првата е тоа што големите китови биле „преголем залак“ за мегалодоните кои не можеле да се справат со нив па почнале да гладуваат, а втората е дека тие биле приморани да живеат во крајбрежните води, бидејќи не биле способни да ги преживеат студените води од истопените полови, каде што останатите водени креатури ги пронаоѓале своите извори на храна.

Ќе бидат потребни дополнителни истражувања за целосно да се разберат сите аспекти за колапсот на мегалодонот, но дефинитивно една од причините за тоа е едноставно гладот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...