Наскоро возможна комуникација само со мисли

Научниците долго време размислуваат за можностите за директна комуникација на „мозок со мозок“ кај луѓето, а сонот можеби ќе им се оствари во наредните неколку години.

Во една студија, три мајмуни биле меѓусебно поврзани преку индивидуални мозочни импланти, и сместени во посебни простории. На сите им била дадена задача да контролираат виртуелна рака на екранот, која можеле да ја комплетираат успешно само доколку соработувале еден со друг. На крајот на експериментот, тоа и го сториле – ги синхронизирале своите мозоци за да ја завршат задачата, притоа креирајќи еден вид на „супермозок“, т.е структура која е комбинација од три мозоци.

Во друг експеримент, пак, била тестирана синхронизацијата на мозоците на 4 глувци, а крајните резултати биле слични како кај мајмуните – по 10 проби, било докажано дека тие успевале да размислуваат како еден мозок 61% од времето, попрецизно решавајќи едноставни проблеми кога ги комбинирале умовите.



Во последно време, истражувањето од овој тип се фокусира на луѓето – во една студија, истражувачи ставиле две личности во посебни простории на кои им била дадена задача да играат игра на компјутер, составена од 20 прашања, исклучиво користејќи го умот. Преку EEG капа, кога едната личност одговарала со „да“ или “не“, сигналите од таа мозочна активност се префрлале кон другата кај која активирале електрично коло. На тој начин, мислите на едната личност практично влијаеле на одлуката на другата.

Еден ден, ваквата технологија би можела да се искористи за детектирање на индивидуални мисловни процеси кои би можеле да бидат префрлени во друга личност – што би било од огромна корист за лицата со парализа или други медицински состојби кои ги спречуваат да вршат разни физички акции како говор, гестикулации и сл.

Исто така, би можело да се направи и роботско одело т.е егзоскелет кое би се контролирало преку сигнали синхронизирани од повеќе мозоци, што би им овозможувало на лицата со хендикеп да научат како да го користат егзоскелетот за повторно да се движат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...