Генетски модифицирани глувци отпорни на зависноста од кокаин

Научници од Универзитетот во Британска Колумбија развиле генетски модифицирани глувци кои биле отпорни на зависност од кокаин.

Со зголемување на нивоата на протеинот наречен кадерин, тие го спречиле формирањето на „пријатната меморија“ на чувството кое го предизвикува кокаинот, која, доколку постои, води до зависност. Овој протеин помага при врзувањето на клетките едни со други, а во мозокот ги зајакнува синапсите помеѓу невроните.

Зајакнувањето на синапсите е составен дел од учењето, вклучувајќи го и формирањето на сеќавања на задоволствата предизвикани од стимуланти, што ги навело истражувачите да сметаат дека глувците чие ниво на кадерин било зголемено всушност ќе бидат повеќе подложни на создавање на зависност.

Студијата вклучувала инјектирање на кокаин во глувците во тек на неколку дена, и веднаш потоа нивно ставање во јасно декориран простор во кафез кој се состоел од три „соби“. Претпоставката била дека глувците ќе го поврзат дејствието на кокаинот со „собата“ во која биле сместувани по инјектирањето, и дека ќе гравитираат кон неа и по престанувањето на земањето на дрогата.

По деновите во кои биле третирани со кокаин, тие биле повторно ставани во истиот кафез и им било дозволено да се движат каде сакаат. На изненадување на истражувачите, било откриено дека „нормалните“ глувци секогаш оделе во „собата“ која ги асоцирала на дрогата, додека оние на кои им било зголемено нивото на кадерин поминувале само половина од времето во тој простор.

Резултатите индицирале дека модифицираните глувци не формирале силни мемории во врска со дрогата, а откога им било испитано мозочното ткиво, било откриено дека вишокот кадерин спречувал еден тип на неврохемиски рецептор да мигрира од внатрешноста на клетката во синаптичката мембрана. Без тој рецептор, невроните потешко ги примале сигналите и синаптичката меморија од дејствието на кокаинот не се задржала во мозокот.

Ризикот од зголемување на нивото на кадерин кај луѓето е тоа што покрај отпорност на зависност од дрога, би можел да спречи и формирање на сеќавања на други важни работи. За тоа да се спречи, ќе мора да се пронајде молекул кој го блокира формирањето на меморија исклучиво во врска со дејствието на дрогите, без да влијае на „обичната“ меморија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...