Пропаста на Ацтеките поврзана со салмонела

Кога шпанските сили пристигнале во Мексико во 1519, бројот на тамошната популација бил околу 25 милиони луѓе. Еден век подоцна, останале само околу 1 милион, по неколку катастрофални епидемии на болести донесени од странските земји.

И покрај многуте шпекулации, болестите кои придонеле за колапсот на општеството на Ацтеките останале непотврдени. Но, сега научници презентирале прв ДНК доказ за постоење на бактериски врсти од една од најлошите епидемии кои сугерираат дека во неа била вклучена салмонелата.

Во пропаста на општеството на Ацетките се верува дека биле вклучени мноштво фактори како пристигнувањето на шпанските сили како и неколку епидемии на болести донесени од Европа, кои се рашириле врз локалното население. Најлошата од тие епидемии е позната под името “cocoliztli”, што на ацтечкиот јазик нахуатл значи „помор“

За време на овој помор, помеѓу 1545 и 1550, повеќе од 80% од локалното население изумрело, a досега се сметало дека за тоа можеле да бидат одговорни малите и големи сипаници, или тифус.

Но сè досега не постоел цврст доказ во форма на ДНК за да ги потврди овие хипотези. Новите докази кои биле прикажани сугерираат дека причина за епидемијата била примитивна и смртоносна форма на салмонела.

Истражувачите ДНК-то го пронашле во заби од 29 луѓе погребани во пределот Оаксакан во Ново Мексико , а 24 од нив биле поврзани со смртоносната епидемија.

Тимот ја одвоил бактериската ДНК од човечката, и откога резултатите биле споредени со повеќе од 2700 модерни бактериски геноми, било откриено дека неколку од тестираните луѓе биле инфицирани со смртоносна нишка на Salmonella enterica наречена Salmonella Paratyphy C. Денес, оваа нишка е екстремно ретка, но сè уште ја има во неразвиените земји. Инфекцијата се шири преку фекална материја и предизвикува цревна треска, со симптоми слични на тифусот. Без лекови, болеста убива 10 до 15% од инфицираните.

Ова е потенцијално прв генетски доказ за патоген кој ја уништил популацијата на Ацтеките пред европската колонизација, но резултатите сепак не се финални бидејќи се чека на реценција на истражувањето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...