И Неандерталците на аспирин

Според скорешно истражување, откриено е дека барем еден неандерталец кој имал забен апсцес најверојатно користел билна форма на аспирин за ослободување од болката.

Тим истражувачи од Австралискиот центар за античка ДНК при универзитетот во Аделаида (ACAD), буквално навлегле во длабочините на неандерталски заби со потекло од Европа од пред околу 42 000 до 50 000 години, за да го извлечат генетскиот материјал заробен во нив.

Забниот плак е леплив филм од протеини и полисахариди кој се создава од бактериите во устата, и кој кога ќе се искомбинира со минералите од плунката, создава жолто-кафеав цврст слој наречен тартар. Тој ги заробува микроорганизмите кои живееле во устата и патогените кои доаѓаат од респираторниот и гастроинтестиналниот тракт, како и парчињата храна заглавена во забите – притоа чувајќи ја нивната ДНК, како во случајов, илјадници години.

Истражувачите од ACAD земале ДНК од индивидуи од пештерите од Спај во Белгија и Ел Сидрон во Шпанија, а резултатите откриле дека неандерталците не само што имале радикално различни кулинарски култури, туку и дека најверојатно користеле билки за олеснување на болките.

Се покажало дека неандерталците од пештерата Спај имале исхрана која се состоела претежно од месо, со ДНК која се совпаѓала со влакнестите носорози и дивите овци пронајдени во нивниот забен плак. Оние, пак, од Ел Сидрон, се хранеле претежно вегетаријански – со ореви од бор, печурки, кора од дрвја и мов.

Еден примерот од Ел Сидрон содржел и ДНК од топола позната по тоа што содржи салицилична киселина – хемиската основа на ацетилисаличната киселина, т.е аспирин.

Бидејќи оваа индивидуа имала забен апсцес на коската од вилицата, како и знаци од цревен паразит, се претпоставува дека билката била консумирана како лек за намалување на болките. Исто така на забите биле пронајдени и траги од пеницилиум – мувла позната по производството на хемикалија која ја формира основата на фамилијата антибиотици.

Тоа би значело дека антибиотици се користеле 40 000 години пред да се развие пеницилинот.

Истражувачите исто така успеале да ја склопат генетската секвенца на бактериумот одговорен за болеста на непцата наречена Methanobrevibacter oralis, со што постигнале нов рекорд за најстара реконструкција на бактериски геном, притоа покажувајќи дека неандерталците и античките луѓе делеле патогени до пред 180 000 години – долго откога двете групи се отцепиле од нивните предци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...