Наскоро роботска кожа која самата ќе се залекува

Истражувачи од Хајдерабад во Индија откриле авто-лекувачки својства на материјалот графен. Тие се надеваат дека ова откритие ќе доведе до развивање на флексибилни сензори кои ќе можат самите да се залекуваат и да се користат за изработка на артифициелна кожа. Ова би им овозможило на роботите да имаат кожа која самата се залекува, исто како кај луѓето.

Графенот е најсилниот материјал во светот досега, а се состои од лист од чисти јаглеродни атоми кој е еден милион пати потенок од хартијата – доволно за да се квалификува како дводимензионален. Иако моментално е прескап за комерцијална изработка, останува фактот дека е еден од наноматеријалите со иднина која обеќава, благодарејќи на големиот распон од потенцијални апликации и уникатни карактеристики.

Човечката кожа е тешка за реплицирање поради нејзините самолекувачки својства. Нежна е, но и екстремно заштитна, лесно свитлива но отпорна на стрес. Емулирање на овие квалитети на кожата креирана со артифициелни супстанци претставува голем предизвик, бидејќи виткањето, гребењето и развлекувањето на овој тип на артифициелна кожа за роботите ги прави подложни на разни пукнатини и кинења.

Во случај на графенот, суб-нано сензор вграден во него би можел да ја „насети“ пукнатината, и тој самиот да го започне поправањето и да го спречи нејзиното ширење, без потреба од било каков надворешен стимул, и на собна температура.

Истражувачите веруваат дека оваа технологија ќе биде многу скоро на располагање, можеби за имплементирање во наредната генерација роботи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...