Научници планираат да бушат низ земјотресен расед

Во длабочините на рудник за злато во Јужна Африка, научниците планираат уште подлабоко да дупчат за да стигнат до расед од земјотрес, што би им помогнало подобро да разберат како енергијата се ослободува кога раседот се шири.

Овој процес типично е неверојатно скап, чинејќи десетици милиони долари. Во Јужна Африка, пак, раседи се појавуваат неколку пати годишно на само десетици метри од активни рудници, што им дава на истражувачите неверојатна можност да се доближат до нив и да ги студираат.

Во 2014, една од овие раседни линии се појавила до рудник за злато на 3км под површината, блиску до градот Оркни. Таа била предизвикана од земјотрес со магнитуда од 5.5 степени, најголемиот кој нацијата го искусила во последните најмалку 50-тина години. Како дел од проектот „Дупчење во сеизмогените зони“, истражувачите сакаат да влезат во рудникот и да дупчат дополнителни 750 метри до раседот.

Овој рудник нуди ретка шанса да се добие пристап до расед по релативно ниска цена, а ќе им овозможи на геолозите да истражат како изгледа нов расед. Поголем дел од времето, тие имаат пристап само до постари раседи како Сан Андреас кои биле активирани стотици, па и илјадници пати.

Некои од истражувачите ќе се трудат и да дознаат дали раседите содржат одредени микроби, а тоа ќе го постигнат со поставување опрема која се активира од сеизмичка активност. Теоријата е дека кога овие раседи се активираат, испуштаат водород кој ги привлекува бактериите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...