Поразличен универзум на мозокот

Човечкиот мозок е комплициран лавиринт од премини во константен флукс – рути се креираат, зајакнуваат, и реконструираат дневно. Покрај ова, постојат милијарди неврони кои секојдневно комуницираат едни со други преку овие премини кои постојано се менуваат. На нивните крстосници се наоѓаат синапсите – околу 1 квадрилион од нив.

Нова студија, објавена во „Frontiers in Computational Neuroscience“ користи алгебарска топологија за да ја открие мултидимензионалната архитектура на мозокот. Оваа математичка гранка се занимава со апстрактната алгебра за да ги студира тополошките простори како сферите, јазлите и торусите.

Тимот од „Blue Brain Project” примарно се фокусирал на кликите (групите) и празнините за да создаде слика на структурите и просторот внатре во мозокот. Кога невроните формираат клика (група), тие се поврзуваат со секој друг неврон во групата на начин кој формира прецизен геометриски објект. Колку повеќе неврони се во кликата, толку повеќе конекции постојат, и толку поголема е димензијата на објектот.

Хенри Маркрам, директорот на проектот, изјавил дека десетици милиони вакви објекти се наоѓаат во мал дел од мозокот, во 7 димензии. Кај некои мрежи дури биле откриени структури до 11 димензии.

Целта на овој проект е да се „растури“ имиџот на „рамно“ претставување на мозокот и да се откријат мултидимензионалните внатрешни механизми на мозокот.

Коавторот Ран Леви сето ова го објаснил многу поедноставно. Според него, појавата на високо-димензионални шуплини кога мозокот процесира информации значи дека невроните во мрежата реагираат на стимулацијата на екстремно организиран начин. Тоа би било слично како кога мозокот би реагирал на стимулацијата со градење на кула од мулти-димензионални блокови, почнувајќи со прачки (1D), па штици (2D), па коцки (3D), и потоа сè покомплексни геометриски форми со 4D, 5D итн. Прогресијата на активност низ мозокот е слична на мултидимензионален песочен дворец кој се материјализира од песокот, и потоа се дезинтегрира.

Тимот ги потврдил нивните откритија преку тестирање на резултатите во вистинско мозочно ткиво. Тие тврдат дека нивните виртуелни откритија биле биолошки релевантни и сугерираат дека мозокот постојано се „премрежува“ за време на развојот за да конструира високо-димензионална структура.

Важно е да се наспомене дека објектите во оваа студија немаат повеќе од 3 димензии вон просторот на моделот, и дека само математиката користена да ги опише може да има повеќе димензии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...