Ако ви се јават вонземјани, не одговарајте

Популарниот научник Стивен Хокинг предупредува дека евентуалното комуницирање со вонземјани нема да биде добро за цивилизацијата.

Астрофизичарот смета дека интелигентните вонземјани би можеле да бидат непријателски настроени кон луѓето и дури дека можеби сакаат да колонизираат планети богати ресурси, како што е Земјата.

Тој во новиот документарен филм „Stephen Hawking's Favorite Places“ ја коментираше егзопланетата Жил 832, која можеби има живот.

- Некогаш ќе добиеме сигнал од планета како оваа, но би требало добро да се размисли дали ќе треба да одговориме на сигналот. Средба со некои напредни цивилизации би можело да биде како средбата на Колумбо со староседелците од Америка. Тоа не заврши добро, вели Хокинг.

Треба да се има предвид дека Земјата е многу „бучна планета“ која емитува радио и ТВ сигнали во Вселената веќе со децении. Некои астрономи веруваат дека една вонземска цивилизација која е доволно напредната за брзо да патува низ Вселената, до сега веќе сигурно ја „забележала“ Земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...