Како временските услови го сменија светот?

Бурите, поплавите, сушата и разните климатски промени имаат огромно влијание врз светот, кој постојано се менува. Ако не ви е јасно кои се тие работи, прочитајте, па запрашајте се што може да промените. Запомнете, промената почнува од вас самите!

Повеќе турбуленции



Научниците тврдат дека глобалното затоплување има директно влијание врз нашиот комфор додека летаме. Поради тоа што температурите се зголемуваат, ветровите се менуваат – при што се соочуваме со почести појави на турбуленции. Освен оваа промена, летовите траат подолго. Ако некој авион лета само плус една минута од планираната, тоа значи дека годишно авионите поминуваат просечно 300.000 часа во воздух повеќе од планираното, со што се трошат поголеми количества на керозин.

Болестите се пренесуваат побрзо



Многу комарци се оплодуваат порано од што треба, па зголемен е бројот на комарци кои лесно пренесуваат болести од еден континент на друг. И самите комарци можат лесно да допрат до други земји каде што одредени вируси не се проширени, а на тој начин да ги прошират и во границите на друга земја.

Зимските ресорти остануваат без снег



Многу зимски ресорти, погодни за скијање и уживање во снегот, останаа без снег, а со тоа и без туристи. За сѐ е виновно глобалното затоплување, кое предизвикува намалување на мразот и снегот од високите места.

Исчезнуваат острови



Поради тоа што се зголемува нивото на водата во океаните и морињата, многу острови исчезнуваат, односно се потопуваат под вода. Најголемиот број на острови кои исчезнале се забележани во Нова Гвинеа и Австралија.

Езерата испаруваат



Езерото во Аризона било мошне популарно за пливање, но со тек на време истото станало жртва на постојана суша, па сега е пресушено. Ова е само еден пример од многуте езера кои пресушуваат поради климатските промени.

Ерозија на карпите



Поради силните бури, многу карпи почнаа да се кршат и ронат, па има и такви кои целосно ги снемало. Токму таков пример е една карпа во Малта, која беше вистинска туристичка атракција, но повеќе ја нема.

Рушење градби



Поради торнадата кои се случуваат во Америка, многу градови целосно се срушени, па се соочуваат со економска криза додека повторно да застанат на нозе. Ние не спаѓаме во тие земји, но затоа пак во последно време не погодуваат земјотреси.

Изумирање на дивиот свет



Со оглед на тоа дека температурите се зголемени, многу диви животни не можат да преживеат и умираат. Покрај нив и многу растенија кои не можат да преживеат на суша, изумираат. Со ова се намалува бројот на ретките видови на животни и растенија, токму поради климатските промени со кои се соочуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...