Паразит во црн доб најден во 375 годишна мумија

При аутопсија на 375 години стара мумија од Јужна Кореја било откриено дека во црниот дроб се криела паразитска инфекција наречена Paragonimus westermani, најверојатно предизвикана од јадење на живи школки.

Докторите од 17-тиот век од тој дел на Азија препорачувале пиење на суров сок од школки или ракчиња за третирање на мали сипаници, па шансите оваа инфекција да била самонанесена се огромни.

Истражувачите велат дека мумијата некогаш била маж кој се викал Џин Ли и умрел во 1642-ра на 63 години.

Мумијата била откопана во 2014-та, а истражувачите тогаш забележале чудна грутка на црниот дроб при снимањето со компјутерска томографија. Откако била отстранета, во неа биле пронајдени златно-кафени јајца со должина од 85 макрометри кои биле идентификувани како паразитскиот црв Paragonimus westermani . Ова го прави Џин Ли најстариот познат случај на хепатитска парагонимоза кој е откриен.

Инфекцијата се појавува кога се јадат незготвени ракчиња и кога паразитите од нив ќе се населат во црниот дроб или белите дробови, што предизвикува дијареа, повраќање и искашлување крв.

Ефектите се слични на нешто како што е денес пневмонијата или стомачниот вирус, а инфекцијата може да трае со години. Иако Парагонимиазата не е вообичаена во САД, сè уште се среќава во југоисточна Азија и Централна и Јужна Америка, а од неа може да заболат скоро 300 милиони луѓе ширум светот.

Од 18 мумии кои досега биле студирани од овој тим, сите во себе имале најмалку еден вид на паразит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...