Откриени организми различни од било која позната форма на живот

На „дрвото на животот“, луѓето делат гранка со разновиден спектар на суштества, кои сите имаат нешто заедничко: ‘рбетот. Оваа заедничка карактеристика е доволна за да се групираме со кучињата, рибите и гуштерите во група наречена филум. Ваквите филуми се повторуваат кај сите живи организми на Земјата, поврзувајќи ја целата разноликост на животот во едно „дрво“

Сега, истражувачи од универзитетот во Квинсленд (UQ) во Австралија откриле низа од илјадници организми толку уникатни што не припаѓаат во ниеден постоечки филум.

Јадрото на ова истражување е релативно новата техника позната како метагеномика, која вклучува секвенцирање на целото ДНК од примерок од околината – вода, измет, почва и др. – за создавање на метагеном од тој примерок.

Од интернационална датабаза на повеќе од 1500 метагеноми, тимот од UQ реконструирал индивидуални геноми од 7280 нови бактерии и 623 нови археи (едноклеточни микроорганизми). Од сите нив, една третина биле нешто што научниците никогаш го немале видено претходно, и што креирало 17 нови бактериски и 3 нови архејски филуми.

Микроорганизмите се исклучително тешки за студирање, а научниците досега успешно успеале лабораториски да развијат 1% до 2% од сите познати бактерии и археи, така што анализирајќи ги во природните средини низ метагеномиката може да биде единствениот начин со кој би можеле да ги анализираме и останатите.

Иако минијатурни, овие микроби би можеле да имаат огромно влијание врз светот.

Моментално, отпорноста на антибиотици е глобален проблем со епски пропорции – микробите имаат сфатено како да се адаптираат на антибиотиците, што резултирало со отпорност која увива скоро 23 000 луѓе годишно само во САД.

Новите форми на антибиотици скоро ексклузивно се откриени во бактерии и габи, па така врстите откриени од истражувачите од UQ можат да помогнат во развивање на подобри антибиотици кои ќе бидат ефективни против овие „супербубачки“.

Минати истражувања исто така имаат идентификувано уникатни индустриски и еколошки употреби на микробите – можат да се користат за креирање на агрикултурни ѓубрива, за уништување на пластиката која ја загадува околината, а бактериите, пак, кои се хранат со јаглерод може да ни помогнат во борбата против климатските промени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...