Како на филм: Бактерии менуваат форма во Вселената

На Интернационалната Вселенска Станица (ISS) е пронајдена бактерија која ја менува формата.

Научниците сметаат дека бактеријата тоа го правела за да преживее и покажала зголемување на бројката на клетките за 13 пати, а во исто време и намалување за 73% на големината на клеточната колона – што звучи на сценарио на некој научно-фантастичен холивудски филм.

Авторот на студијата, др. Луис Зеа, објаснува дека тимот истражувачи знаел дека бактериите различно се однесуваат во Вселената и дека е потребна поголема концентрација на антибиотици за да се убијат. Она што е ново е дека била направена систематска анализа на менување на физичкиот изглед на бактериите за време на експериментите.

Во студијата се вели дека единствен начин на кој бактериите на ISS можат да ги варат хранливите состојки или лековите е преку природна дифузија. Намалувањето на површината на бактериските клетки во Вселената значи и дека се намалува и стапката на интеракција помеѓу молекулите и клетките.

Истражувањата и резултатите кои ќе се добијат ќе влијаат на тоа како астронаутите ќе се справуваат со бактериски инфекции во нулта гравитација, бидејќи исто така било откриено и дека клеточната обвивка на бактериите се зацврстила во Вселената, заштитувајќи на E.coli бактеријата од антибиотиците.

Некои бактериски клетки создавале малечки капсули кои се формирале на надворешниот дел од клеточниот ѕид, кои функционирале како клетки кои комуницирале една со друга.

Експерименти слични на овој ќе ни овозможат и подобро да разбереме како бактериите станале отпорни на антибиотиците тука на Земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...