Научниците генерираат електрицитет од солзи и плунка

Научниците од универзитетот во Лимерик, Ирска, откриле начин како да го искористат електрицитетот од секретите од очите и некои други делови од телото.

Тоа е благодарение на протеинот лисозим кој генерира електрицитет кога е под притисок, а доколку ефективно се искорити тоа може да стане нов извор на енергија за разни имплантирани уреди.

Лисозимот е присутен во солзите, плунката, млекото, слузта и белките од јајцето и е кристализирана форма на ензимот кој помага при распаѓањето на клеточните ѕидови на бактериите.

Кога филмот од кристали лисозим бил изложен на притисок помеѓу две стаклени плочки, тимот истражувачи измерил дека продуцирал форма на енергија наречена пизоелектрицитет – каде што електричниот напон се акумулира како одговор на механички стрес.

Бидејќи се работи за биолошки материјал, тој е нетоксичен и може да се користи за разни иновативни апликации, како што се електроактивни анти-микробски премази за медицински импланти или пак импланти кои би ослободувале лекови во телото.

Инаку, овој протеин порано бил истражуван од Александар Флеминг како кандидат за антибиотик пред откривањето на пеницилинот и бил еден од првите протеини мапирани во три димензии во 1965-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...