Нов уред на DARPA за забрзување на учењето за 40%

Ново истражување финансирано од DARPA успешно демонстрирало како неинвазивна метода за стимулирање на мозокот може да ги подобри когнитивните перформанси.

Работејќи под RAM (Restoring Active Memory) програмата на DARPA, научници од HRL лабораториите во Калифорнија, Мекгил универзитетот во Монтреал, Канада и Soterix Medical во Њу Јорк го тестирале нивниот мозочен уред на макаки (видови мајмуни) и го набљудувале значителното зголемување на нивната способност да вршат одредени задачи.

Била користена неинвазивна транскранијална директна стимулација со струја (tDCS) за стимулирање на префронталниот кортекс на мајмуните. Потоа од нив било побарано да извршат некоја задача базирана на асоцијативно учење, т.е учење на асоцијации помеѓу визуелни знаци и локација, со цел да добијат награта.

Мајмуните кои го носеле tDCS уредот покажале значително подобри резултати во споредба со контролната група -нив им требало 12 обиди за да научат како да ја добијат наградата, додека на другите за истото им бил потребен 21 обид, што значи дека уредот овозможил зголемување на брзината на учење за 40%.

За потребите на експериментот, бил таргетиран префронталниот кортекс со индивидуализирани неинвазивни стимулациски монтажи. Тоа е регионот кој контролира многу извршни функции како што се носење на одлуки, когнитивна контрола, и пронаоѓање контекстуални мемории, а е поврзан со скоро сите останати кортикални области на мозокот – така што неговото стимулирање има ефекти врз целиот мозок.

Според резултатите од нивната студија, истражувачите заклучиле дека зголемената брзина на учење се должи на модулираната поврзаност на областите на мозокот, а не на брзината со која се активирале невроните.

Намерата на овој вид истражување не е само луѓето да се направат попаметни, туку ваквите уреди да се користат и во третмани на луѓето кои боледуваат од нервна дегенерација која предизвикува губење на меморијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...