Билки кои светат еден ден би ги замениле лампите

Инженери од MIT развиле луминистентна билка која самата свети во темнина.

Тимот истражувачи предводен од Seon-Yeong Kwak ја создал без притоа генетски да ја модифицираат, а се надеваат дека нивното истражување еден ден ќе помогне за намалување на нашата зависност од електричното осветлување.

Нивната визија била да создадат билка која ќе функционира како столна лампа која нема да треба да ја приклучувате во струја, бидејќи светлината се напојува од енергијата на метаболизмот на самата билка.

Последните неколку години, истражувачите од лабораторијата во MIT работеле на истражувачка област наречена нанобионика на билките, која вклучува внесување наночестички во клетките на растенијата со цел тие да вршат одредена задача.

Прво, ваквите честички биле растворени во течност во која биле потопени билките, кои потоа биле изложени на притисок. Овој процес ја отвора строматата – малечките пори на лисјата – кои им овозможуваат на наночестичките да навлезат.

За да ги создадат билките кои светат, тимот ги наполнил наночестичките со ензимот луцифераза и молекулот луциферин. Овие хемикалии кога се заедно создаваат биолуминисценција кај светулките, некои медузи и други морски животни. Луциферазата всушност го разложува луциферинот, што како резултат креира светлина.

Ваквите наночестички ги вбризгале во билката Nasturtium officinale, т.е воден крес, која создавасветлина со моќност како една комерцијална LED светилка од 1 микроват.

Во почетокот билката светела околу 45 минути, што подоцна било продолжено на 3.5 часа. Целта на истражувачите е да создадат третман по кој билките оваа светлечка карактеристика ќе ја пренесуваат и на „потомците“, што би овозможило, на пример, еден ден уличните светилки да се заменат со редови дрвја.

Тие исто така демонстрирале и дека можат да ја исклучат светлината со внесување на инхибитор на луцифераза во растенијата, што би овозможило развивање на билка која самата би престанувала да свети кога, на пример, би го насетила изгрејсонцето. 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...