Фосилизиран череп открива кога живеел последниот „еднорог“

Со декади научниците претпоставувале дека Сибирскиот еднорог – дамнешен изумрен вид на цицачи кои личеле повеќе на носорог отколку на коњ, изумрел пред околу 350 000 години.

Но, сочуван череп пронајден во Казахстан комплетно ги променил претпоставките, бидејќи се испоставило дека овие суштества биле сè уште живи до пред 29 000 години.

Тоа значи дека вистински „еднорози“ се шетале на Земјата пред десетици илјади години, но не личеле на еднорозите како што ги замислуваме денес во приказните и филмовите.

Овие еднорози биле од сортата Elasmotherium sibiricum,и изгледале како мешавина од коњ и носорогот, со тоа што рогот им се наоѓал на челото. Тие биле високи околу 2 метри, долги 4.5 метри и тежеле скоро 4 тони – што значи имале димензии слични на волнен мамут. И покрај импресивната градба, тие претежно се хранеле со трева.

Сочуваниот череп бил пронајден во регионот Павлодар во Казахстан, а научниците преку радиојаглеродни техники за датирање ја процениле неговата старост на 29 000 години.

Како една од причините за тоа како овие животни преживеале многу подолго отколку оние кои изумреле стотици илјади години пред нив се смета дека била нивната преселба во појужните (и потопли) делови од Сибир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...