Како популарните раси на кучиња изгледале пред 100 години

Кучињата се наши миленици стотици години, но не секогаш изгледале какви што се денес – многу познати раси се имаат значително физички променети, благодарение на луѓето.

Со идентификување на специфични особини како што се големината, бојата на крзното и однесувањето, и дозволувајќи само на одредени животни да се парат, имаме креирано најмалку 167 разни раси т.е групи на кучиња со уникатни физички и ментални карактеристики.

Еве како неколку популарни раси изгледале пред 100 години во споредба со денес, преку фотографии од книгата „кучиња од сите нации“ од 1915-та.

1) Бул териер



Некогаш:
Бул териерот како раса за прв пат бил признаен во 1885, а во 1915-та имал пропорционална глава и слабо торзо.
Денес:
Бул териерите се раса која има јајцевидна глава и крупно тело – многи поразлично од она во 1915, а имаат развиено и дополнителни заби и навика често да си го бркаат опашот.

2) Англиски булдог



Некогаш:
Мал број кучиња биле толку вештачки обликувани преку размножувањето како Англискиот булдог. Во Обединетото Кралство, овие кучиња биле користени за крвнички „спорт“, сè додека истиот не бил прогласен за илегален во 1835.

Денес:
Булдозите имаат поизразени брчки на лицето и уште покрупно тело. За жал, булдозите страдаат од разни здравствени проблеми, како преголемо загревање и проблеми со дишењето.

3) Германски овчар



Некогаш:
Германските овчари симболизираат сè од лојалност до дружељубивост до полициска бруталност. Расата првпат била признаена во 1908, а во 1915 бил опишан како куче со средна големина и тежина околу 25kg.
Денес:
Германските овчари денес се значително поголеми (35-43kg) и со посвиткан грб. И тие имаат неколку карактеристични здравствени проблеми како дисплазија на колковите, каде што коските од нозете не „пасуваат“ правилно во чашката на колкот, како и подуеност при која стомакот им се полни со воздух и се зголемува и извртува, што понекогаш може и да е фатално.

4) Ердел териер



Некогаш:
Иако не се познава на црно-белата слика, во книгата од 1915 се вели дека ушите и главата имале „богат тен“,  исто како и нозете до бедрата. Крзното му било цврсто, но не доволно долго за да е „парталаво“
Денес:
Денес крзното на оваа раса е подолго и „парталаво“ во споредба со она од 1915, а оваа раса се смета за најголема од териерите.

5) Шетландски овчар



Некогаш:
Шетландскиот овчар (или шелти) не бил признаен како раса до 1911, а кога бил објавен во книгата се тврдело дека тежи 2-3kg и има крзно со средна големина
Денес:
Денес оваа врста е многу поголема, тежи најмалку 9kg, а крзното е значително подолго. Овие кучиња се исклучително интелигентни и добри за работа со стада животни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...