Што се крие зад мистериозната статуа двојно постара од пирамидите?

На крајот на последното Ледено доба, додека мамутите и пештерските лавови чекореле по земјата, група луѓе во Сибир почнале од дрво да делкаат статуа со човечка форма чија намена сè уште не се знае, но ново истражување открило дека овој дрвен идол е двојно постар од големите пирамиди во Гиза.

Статуата првпат била откриена во 1894, закопана на длабочина од 4 метри, а била пронајдена во неколку секции кои биле споени во 1914, откривајќи дека таа некогаш била 5.3 метри исправена (иако не сите нејзини делови преживеале).

Сега, користејќи ги најмодерните техники, било откриено дека идолот бил изделкан од единечно парче дрво пред некои 11 600 години (претходно се сметало дека неговата старост е 9800 год.), што е двојно постаро од пирамидите во Египет, правејќи го најстарото дрвено уметничко дело кое преживеало толку време.

Она што е интересно е дека стилот на идолот од Шигир е неверојатно сличен на други големи статуи од Леденото доба откриени во Göbekli Tepe во Турција, а единствената разлика е материјалот од кој биле изработени статуите од таму.

Ова сугерира дека културата на создавање на овие огромни симболични и најверојатно ритуални уметнички дела не потекнува од едно место, туку била раширена во неколку различни центри истовремено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...