„Река во облаците“ – најголем експеримент за создавање вештачки дожд

Кина ги гради основите на она што ќе претставува најголем експеримент за создавање на вештачки дожд во историјата, во обид да се индуцираат дополнителни врнежи врз Тибетското плато.

Во проектот ќе бидат вклучени десетици илјади комори за согорување гориво инсталирани низ Тибетските планини кои ќе имаат цел да ги зголемат врнежите во регионот до 10 милијарди кубни метри годишно.

Планот е екстензија на проектот наречен Tianhe или „Река во облаците“ развиен во 2016 кој треба да создаде дополнителни врнежи дожд врз масивната област која се протега на површина од 1.6 милиони квадратни километри.

Иако звучи како научна фантастика, оваа форма на модифицирање на времето наречена „сеење на облаци“ е нешто кое што научниците се обидуваат да го изведат со децении.

Во Тибетскиот проект, коморите за согорување ќе создаваат сребрени јодид честички кои со ветерот ќе бидат однесени во атмосферата, каде се очекува да создадат влажни облаци способни за создавање дожд и снег.

Досега се инсталирани повеќе од 500 согорувачи, а податоците собрани од нив покажуваат позитивни резултати.

Не е познато кога проектот треба да е комплетиран, но со оглед на неговата контроверзност (бидејќи постои ризик облаците да се создадат врз друг регион, а не таму каде што се наменети) најверојатно често ќе се добиваат нови информации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...