Скелет на најверојатно најбаксузната личност во историјата

Официјалните лица кои работат во Помпеја скоро откопале скелет на човек кој бил смачкан од огромен камен блок додека бегал од ерупцијата на планината Везув.

Во 79 год., вулканската ерупција на Везув ги прекрила блиските градови Помпеја и Херкуланум со пепел и лава – точниот број жртви не се знае, но археолозите имаат откопано остатоци од најмалку 1500 луѓе во и околу овие два града, а се верува дека уште многу животи се изгубени под целиот тој вулкански материјал.

Смачканиот скелет бил откриен во областа Vicolo dei Balconi близу Помпеја, а археолозите веруваат дека припаѓал на маж не постар од 30 години кој се обидел да се скрие од врнежите вулкански отпад во една од уличките во градот. Неговото тело било пронајдено на ниво на прв спрат, сугерирајќи дека дебел слој пепел веќе бил паднат на тлото кога камениот блок од некоја градба бил исфрлен од вулканскиот облак и слетал на главата и рамениците на човекот. Остатоците од неговиот череп не се пронајдени, а се чини и дека од него ништо и не е останато.

Иницијалната студија на коските открила дека на едната нога имал лезии, што покажува дека можеби имал некој хендикеп кој му ја намалувал способноста да трча и да се спаси.



За разлика од овој несреќен човек, иконските „замрзнати фигури“ на Помпеја не се мумифицирани остатоци, туку излеани модели на луѓето. Во 1860, италијанскиот археолог Џузепе Фиорели открил дека во шуплините формирани во вулканскиот пепел каде телата на луѓето се дезинтегрирале може да се истури цемент и да се излее нивната форма.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...