Необични начини за употреба на телата по смртта

Многу аспекти на нашите животи ќе бидат различни во иднината – автомобилите можеби ќе летаат, можеби ќе живееме на Марс и некои сега изумрени видови животни повторно ќе живеат.

Како и да е, сите нè чека истиот крај – смртта. Во прилог следат неколку футуристички начини за употреба на телата по смртта, од кои некои дури нудат можност за вечен живот во дигиталниот свет.

1) Испраќање на остатоците во Вселената



Во САД веќе има компанија специјализирана за испраќање на остатоците од кремирањето на височина од околу 24km со помош на балони. Процесот се одвива со помош на Arduino-напојуван робот кој пепелта ја исфрла во атмосферата, притоа снимајќи кратко видео или фотографија која би била прикажана на пријателите и фамилијата за време на погребот.

2) Вечно почивалиште во футуристички будистички храм



Погребните услуги може да се исклучително скапи во Јапонија, но футуристичките гробишта наречени Ruriden во Koukokuji будистичкиот храм во Токио нудат простор т.е шкафчиња за кремираните остатоци со LED статуа на Буда. Веќе има повеќе од 2000 вакви статуи на масивниот ѕид, зад кои се наоѓаат урните со пепел. Со помош на систем кој функционира со паметни картички, посетителите можат во нив да ги внесат податоците во врска со починатата блиска личност по цена од $6600 за едно шкафче и годишно одржување кое чини $80. Инаку, традиционалните погребни услуги во Јапонија чинат десетици илјади долари.

3) Претворање на остатоците во дијаманти



Моизанитот е синтетички креиран дијамант кој сјае подеднакво како вистинските , а компанијата LifeGem може кремираните остатоци да ги претвори во дијамант користејќи индустриска машина која тежи скоро 6 тона. Процесот вклучува загревање на екстрахираниот јаглерод од пепелта на екстремни температури и потоа негово ставање во специјализирана преса за дијаманти. Откога ќе се исече и исполира, дијамантот може да биде ласерски гравиран со уникатен идентификатор (некоја шифра, реченица, датум и сл.).

4) Спојување со корален гребен



Доколку сакате по смртта да има некоја корист од вас – на пример зачувување на кршливите подводни екосистеми – вашите остатоци можат да бидат споени со т.н „ Reef Ball“ – топка која имитира материјал од кој се направени гребените и овозможува на неа да се закачи подводниот живот. Компанијата која стои зад овој проект, Eternal Reefs, користи специјална мешавина од бетон која ја комбинира со кремираните остатоци, за да потоа топката од овој материјал се спушти во океанот каде станува населена.

5) Дигитално воскреснување со вештачка интелигенција



За жал, upload-ирањето на нечија свест во дигитална форма е сè уште во доменот на научната фантастика.

Иако не постои можност умот да се „воскресне“ со помош на технологија, возможно е рекреирање на дигитална верзија на некоја почината личност која ќе се однесува како неа.

Компании како шведската погребна агенција Fenix Begravning користат софистицирани AI алгоритми да креираат интерактивен дигитален идентитет базиран на починатата личност.

Таквата дигитална личност може да го имитира начинот како вистинската комуницирала преку текст, а од компанијата се надеваат дека наскоро ќе биде возможна и вербална комуникација. За да функционира, во алгоритмот се внесени податоците од неговите профили на социјални мрежи, логови од четување, па дури и електронски мејлови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...