Најстари отпечатоци од животни на планетата

Научниците откриле отпечатоци од животни за кои сметаат дека се најстариот фосилен запис откриен досега, кој датира од пред 550 милиони години.

Овие траги биле откриени во формацијата Денгинг – богат фосилен резерват во Кина – и се првиот доказ кој потврдува дека група животни наречени билатериа датираат пред Камбриската експлозија.



Оваа „експлозија“ од пред 541 милиони години претставува нагло појавување на разновидно ширење на животински фила за период кој траел можеби 25 милиони години.

Пред ова, животинскиот живот на Земјата се состоел од едноставни едноклеточни или повеќеклеточни организми, но во Камбрискиот период се развиле многу покомплексни креатури од видови кои ги препознаваме и денес, вклучувајќи ги и билатералните животни – првите кои имале билатерална симетрија

Ова парче еволуција им дало глави, опашки, стомаци, грб, но и нозе на животните. 550 милиони години старите траги се широки само неколку милиметри и се состојат од два паралелни реда направени од животни со екстремитети во парови.

Со други зборови, преисториското животно кое ги оставило не било двоножно, туку нешто со неколку пара нозе – како пајак или стоногалка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...