Што би се случило ако соларна бура ни ја уништи технологијата?

Среќна иронија е дека најлошата соларна бура во документираната историја се случила кога човештвото не било премногу ранливо на сончевиот геомагнетски гнев.

„Настанот Карингтон“ – т.е соларната бура од 1859-та – се состоел од огромна соларна маса која удрила врз заштитната земјина магнетосфера, создавајќи епска геомагнетска бура која модерната цивилизација дотогаш ја немала видено.



Како наелектризираните честички се судирале со магнетното поле на Земјата, интензивни аурори се појавувале на небото ширум светот. Телеграфските системи во Европа и Северна Америка престанале да работат, од електричната опрема излегувале искри, давајќи им електрошокови на работниците или започнувајќи пожари.

Со други зборови, се случил технолошки хаос. Во споредба со она што би можело да се случи денес, она што се случило во 1859-тата е „мало дете“.

Никој со сигурност не може да каже колку лоша би била ситуацијата, но со оглед на тоа колку сме зависни од денешните електронски суперструктури, таа дефинитивно би била сериозна.

Мал показател што би можело да се случи се настаните од март 1989 кога Земјата била погодена од силни соларни бури (ни приближно силни како Карингтонските), кога во Квебек, Канада, паднала струјната мрежа со што 6 милиони луѓе останале без електрицитет. За некои тоа траело само неколку часа, но некои останале без струја со денови.

Се претпоставува дека геомагнетска бура на ниво на настанот Карингтон ефективно би можела да го врати светот во темниот среден век.

Се смета дека доколку таа нè удри (што се случува еднаш на 500-тини години, ако не и порано), би била доволно моќна да ги оневозможи електричните и комуникациски системи со денови, месеци, па дури и години – во кои спаѓаат електричните централи, сателити, GPS системи, интернет, телефонија, транспортни системи, банкарски системи и др.

Во тој случај, штетата би изнесувала најмалку 2, а најверојатно околу 20 трилиони долари само во првата година од ваквата состојба, а напорите за обновување на целиот свет би можеле да траат една декада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...