Пронајден начин за невидливост на објекти гледани од секој агол

Истражувачите од националниот институт за научни истражувања во Монтреал (INRS) објавиле студија во која се изнесуваат нови детали за постигнување невидливост.

Нивниот уред, наречен „спектрална наметка за невидливост“, е првиот кој ја манипулира бојата (или фреквенцијата) на светлосните бранови кои имаат интеракција со објектот, правејќи го невидлив.



Процесот е следниот:

Електромагнетниот спектар на светлината ги содржи различните фреквенции на електромагнетното зрачење, т.е одреден вид на енергија. Икс-зраците, гама зраците и радарските зраци се сите дел од овој спектар.

Нашите очи можат да видат мал распон на фреквенциите од овој спектар, кои ги нарекуваме „видлива светлина“. Некои светлосни извори содржат повеќе од една специфична фреквенција – како што се на пример сончевите зраци.

Кога нешто„гледаме“, ние всушност ја гледаме интеракцијата на овие светлосни фреквенции и објектот. Така, кога сончевата светлина осветлува автомобил, тој ја рефлектира сината светлосна фреквенција додека другите фреквенции едноставно поминуваат низ него. Нашите очи ја детектираат рефлектираната сина светлина, овозможувајќи ни да го видиме синиот автомобил.



Уредот на истражувачите од INRS ја користи оваа интеракција, за да ги направи објектите невидливи.

Така, за објект кој рефлектира само зелена светлина го направат невидлив за човечкото око, тие користат специјално дизајниран филтер кој привремено ги менува зелените фреквенции од спектарот во плави. Потоа, користат уште еден филтер за тие фреквенции да ги претвори повторно во зелени од другата страна на објектот.

Како резултат на тоа, тој е невидлив за човечкото око.

Моментално уредот функционира само од еден правец – погледот на набљудувачот мора да го следи правецот на светлината, гледајќи кон објектот низ првиот филтер. Но, неговиот креатори велат дека оваа метода теоретски би можела да го направи објектот невидлив од сите правци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...