Случајни научни достигнувања кои го променија светот

Некои научни достигнувања се постигнуваат со макотрпни лабораториски истражувања со цел да се добие претходно одреден резултат, а некои пак се случуваат сосема случајно, често пати кога истражувачите имале цел да постигнат нешто сосема друго, или пак како некоја незгода.

1) Микробранова печка



Во 1945, Перси Спенсер, инженер од корпорацијата Рајтеон, работел на проект поврзан со радарската технологија. Додека тестирал нова вакумска цевка, открил дека чоколадниот бар кој го имал во џебот му се истопил побрзо од вообичаено. Тоа го заинтригирало па почнал да експериментира со насочување на цевката кон разни работи како јајца и кернели од пуканки, и заклучил дека топлината која се ослободува од неа била од енергијата на микробрановите. Набргу потоа, на 8-ми октомври 1945, тој го поднел патентот за првата микробранова печка – таа тежела 340kg. и била висока 168cm., додека првата таква печка слична на оние кои денес ги користиме била претставена во 1965-та и чинела $500.

2) Икс-зраци



Во 1895-та, германскиот физичар Вилхелм Рентген работел на цевка за катодни зраци, а покрај тоа што таа била покриена, тој забележал дека флуоресцентен екран во нејзината близина се осветлувал кога таа била вклучена а собата била темна – што значело дека зраците од неа некако го активирале.

Рентген пробал да ги блокира зраците, но што и да ставел пред нив не ги спречувало. Кога ја ставил својата рака пред цевката, забележал дека на сликата која се проектирала на екранот можел да си ги види коските во неа. Цевката потоа ја заменил со фотографска плочка за да може да ги слика работите, креирајќи ги првите икс-зраци.

Наскоро, неговата технологија почнале да ја користат медицински институции и разни истражувачи, а за ризикот од радијацијата од икс-зраците се дознало многу подоцна.

3) Радиоактивност



Во 1896-та, заинтригиран од откривањето на икс-зраците, Хенри Бекерел решил самиот да ја истражи поврзаноста помеѓу нив и фосфоресенцијата - природната карактеристика на одредени супстанци што ги прави да светат.

Тој пробал да експонира фотографски плочки со ураниумски соли надевајќи се дека на тој начин ќе ја апсорбира енергијата на „икс-зраците„ од сонцето, за што сметал дека ќе му биде потребна сончева светлина – но времето било облачно.

Иако експериментот не можел да биде комплетиран, тој ги развил плочите и откриле дека сликите се прикажале јасни – ураниумот емитирал радиоактивни зраци, за кои се испоставило дека доаѓаат од солите.

4) Системот за лепење „Велкро“



Во 1941-ва, швајцарскиот инженер Џорџ де Местрал планинарел на Алпите со неговото куче, а откога се вратил дома забележал дека делови од грмушки му биле закачени на облеката и дека малите семки од нив биле покриени со кукички кои се закачувале на ткаенината и крзното.

Тоа го инспирирало да креира материјал за зацврстување кој денес ни е познат под бренд името Велкро.

5) Песмејкер

Во 1956-та, Вилсон Грејтбач правел уред за снимање на срцевиот ритам и посегнал во кутијата со делови по отпорник за комплетирање на електричното коло, но земал погрешен кој не бил со потребната големина. Откога го инсталирал, забележал дека колото емитира електрични пулсеви, што го асоцирало на отчукувањето на срцето.

Тој претходно сметал дека електрична стимулација би можела да го стимулира срцето доколку со него има некаков проблем, а овој нов уред го натерал да креира доволно малечка верзија која би ја овозможила таквата стимулација. Затоа, Вилсон почнал да го намалува уредот и на 8 мај 1958-ма верзија на песмејкер била успешно вметната во куче.

6) Пеницилин



Во 1928-ма Александар Флеминг, професор по бактериологија, забележал дека на неговите петри садови со колонии на бактеријата Стафилокока почнала да се фаќа мувла, но забележал и дека бактеријата не растела околу неа. Се испоставило дека мовта е ретка нишка од Penicilin notatum кој секретирал супстанца која го инхибирала растот на бактериите. Пеницилинот бил претставен во 1940-тите, со што започнала ерата на антибиотиците.

7) Вијагра



Вијаграта е првиот третман за еректилна дисфункција, но оригинално била тестирана како лек за срце, со главна активна состојка Сиденафил. За време на тестирањето лекот се покажал неефективен за подобрување на срцевите состојби, но мажите забележале друг ефект -посилна и подолготрајна ерекција.

Компанијата Pfizer потоа направила клинички тестови врз 4000 мажи со еректилна дисфункција, при што биле добиени идентични резултати – со што започнала ерата на „сината пилула“.

8) Инсулин



Откритието кое го овозможило пронаоѓањето на инсулинот било незгода.

Во 1889-та, два доктори од универзитетот во Стразбург, Оскар Минковски и Џозеф вон Меринг, пробувале да разберат како панкреасот влијаел на дигестијата, па го отстраниле органот од здраво куче. По неколку дена, забележале дека рој муви летаат околу неговата урина, која откога ја тестирале откриле дека содржи значителна количина шеќер. Тие сфатиле дека со отстранувањето на панкреасот, кучето добило дијабетес. Овие два научници никогаш не откриле што продуцирал панкреасот што го регулирало шеќерот во крвта, но во серија експерименти помеѓу 1920-та и 1922-ра, истражувачи од универзитетот во Торонто го изолирале панкреатичниот секрет кој го нарекле инсулин.

Тимот од Торонто добил Нобелова награда и за една година фармацевтската компанија Eli Lilly започнала да произведува и продава инсулин.

9) Сигурносно стакло за шофершајбни



Во 1903-та, на францускиот научник Едвард Бенедиктус од рака му паднала стаклена чашка полна со мешавина од целулозен нитрат, еден вид на течна пластика. Таа пукнала, течноста испарила, но не се искршила на малечки делчиња.
Парчињата стакло биле скршени, но останале споени во формата на садот, а Едвард заклучил дека пластичниот слој му помогнал на стаклото да остане во еден дел. Ова бил првиот вид на сигурносно стакло – продукт кој денес се користи за стаклата на шофершајбните, сигурносните очила и др.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...