Најстаро сирење на светот пронајдено во египетска гробница

Меѓу скршени тегли и парчиња стакло, во една гробница во Египет било пронајдено она што сега се испоставило дека е најстарото сирење на светот, чиј „рок на траење“ истекол пред некои 3200 години.



Мистериозната бела супстанца за која се верува дека е направена од млеко од крава или коза била откриена пред неколку години во гробницата на Тамес, кој бил градоначалник на Мемфис, Египет, во 13-тиот век п.н.е. Иницијално, гробницата била откриена во 1885-та, за потоа да биде скриена под песокот сè до нејзиното повторно откривање во 2010.

Додека археолозите се сомневале дека се работи за храна, дури сега е потврдено дека се работи за сирење. Тестови за да тоа го потврдат биле направени од тимови од универзитетот на Катанија во Италија и универзитетот на Каиро.



Но, тестовите на ова сирење исто така откриле траги на бактерија која предизвикува бруцелоза, инфективна болест предизвикана од консумирање на непастеризирани млечни продукти или месо од инфицирани животни. Бруцелозата може да предизвика треска, главоболки и болки во мускулите.

Др. Енрико Греко од универзитетот во Катанија бил дел и од други слични откритија, како минатогодишното откривање на тогаш најстарото вино на светот (кое сега е на второ место), и на најстарото италијанско маслиново масло.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...