Бетон што се превиткува без да се крши

Бетонот е кршлив материјал – кога е под стрес, не може да се превиткува многу пред да се појават фрактури на него.

Сега, на повидок се нови решенија. Лабораторија од универзитетот на Мичиген, заедно со разни други лаборатории низ светот, покажале дека бетонот може да се направи да е „попластичен“, односно да се превиткува без да се крши. Ваквиот бетон ќе ги направи инфраструктурите многу побезбедни и ќе ги редуцира цените на нивното одржување, како и ресурсите потребни за тоа.

За да се создаде ваков бетон, лабораторијата позајмила идеи од накрата – т.н „мајка на бисерите“, односно слојот создаден од тенки листови калциум карбонат и органски материјали.

Овој материјал е „пластичен“ поради неговата архитектура која наликува на ѕид од цигли. “Циглите“ се тенките слоеви арагонит, а „малтерот“ измеѓу е природен полимер кој е многу еластичен и ги држи слоевите арагонит заедно, но им овозможува да се движат кога се под стрес. Ова го прави истовремено силен и флексибилен.

Бетонот е мешавина која вообичаено се состои од честички чакал и песок, врзани заедно со цемент. За да се дизајнира „пластичниот“ бетон, лабораторијата во оваа мешавина додала малечки влакна кои во реакција со цементот, со што мешавината ги добила карактеристиките на накрата.

Ваквиот бетон може да се деформира 4 до 5% во тензија пред да се скрши, што го прави да има 300 до 500 пати поголем затегнувачки капацитет во споредба со обичниот.

 

Истиот може и самиот да заздравува кога е оштетен, преку експонирање на вода и воздух, а тоа се постигнува преку минерализација на јаглеродот во него која ги спојува напукнатите површини на сличен начин како што нашата кожа се залекува откога, на пример, ќе ја пресечеме со лист хартија. Тој може да го модификува својот термален капацитет, па така складира повеќе топлина кога надворешните температури се големи, одржувајќи ја внатрешноста на просториите постудена.

Моментално ваквиот бетон се тестира за неутрализирање на загадувачи, со што би се овозможувало пречистување на воздухот во урбани средини. Вградени нано-титаниумски честички во мешавината од која би се правел би можеле да ги скршат загадувачките честички во безопасни супстанци преку реакции катализирани од сончевата светлина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...