5 „вампирски“ карактеристики кои постојат кај животинскиот свет

Вампирите од книгите и филмовите обично се претставени како високи, бледи креатури, со големи очници и наметка, кои се бесмртни сè додека не се изложени на сончева светлина.

Но, дали овие фолклорни суштества биле инспирирани од карактеристиките кои ги имаат некои претставници од животинскиот свет?

1) Пиење крв

Примарната карактеристика на вампирите е хранењето со крв. Иако многу ектопаразити како пијавиците или комарците исто така пијат крв, вампирскиот лилјак е единствениот цицач кој е навистина хематофагичен (се храни исклучиво со крв).

Ваквиот вид лилјаци цица крв од топлокрвни животни, лоцирајќи го пленот со вградениот инфрацрвен сензор за топлина, па дури користат и протеин наречен „дракулин“ за да го продолжат истекувањето на крвта од нивната жртва.

Тие имаат потреба од хранење на секои 2 дена за да преживеат, а бидејќи често пати пронаоѓањето плен им претставува предизвик, тие имаат еволуирано механизам за делење на храната така што ја повраќаат крвта за со неа да се хранат изгладнетите лилјаци.

2) Бесмртност



Животните како китовите и ајкулите можат да живеат и над 200 години, додека пак „бесмртните“ медузи постојано се раѓаат повторно. Како што гасеницата го почнува животот како јајце и се развива во пеперутка, овие медузи го започнуваат животот како јајце кое се развива во ларва, која расте во полип, па потоа во медуза со големина од околу 4.5mm кога е комплетно возрасна.

Ваквата медуза е „бесмртна“ бидејќи може да си ја промени формата од медуза назад во полип кога е под стрес. На тој начин, таа има потенцијал бесконечно да се регенерира, што ја прави практично бесмртна.

3) Избегнување на светлина



Како и вампирите, животните често ја избегнуваат светлината. Таквите животни најчесто се безрбетници кои живеат во темни услови или ноќни видови на животни кои се адаптирани да се хранат во темница. Има и неколку видови животни кои се хиперчувствителни на светлина и ја избегнуваат по секоја цена, како што е голиот крт стаорец, кој живее во подземјето на Африка.

Овие животни живеат во колонии слични на оние на мравките и пчелите – „работниците“ носат храна, го одржуваат тунелскиот систем и го штитат гнездото на „кралицата“ која се размножува.

4) Засилени сетила



Вампирите често пати се претставени како луѓе со засилени сетила за вид и слух, но дали сте знаеле дека и многу животни имаат еволуирано супер сетила?

Мечките, на пример, можат да почувствуваат мирис на крв/храна од далечина од скоро 30 километри, додека пак ајкулите би можеле да намирисааат капка крв во количина на вода колку што има еден пливачки базен.

5) Морфинг (менување форма)



Вампирите обично ја менуваат формата од човечка во лилјак или пак ги снемува во чадна завеса. Некои животни исто така се приспособени да ја менуваат формата или бојата за да избегнат некоја ризична ситуација.

Лигњите, на пример, создаваат облак од мастило кој ги збунува грабливците и им создава илузија дека пленот им исчезнал, а некои октоподи ја превземаат бојата на површината врз која се кријат и се „спојуваат“ со неа за да не ги забележи оној кој ги брка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...