Дали е возможно патување низ времето?

Брајан Грин, професор по физика и математика на универзитетот Колумбија и ко-основач на World Science Festival, во едно неодамнешно видео обраќање го објасни сето она што науката го знае во врска со патувањето низ времето и дали тоа навистина е можно.



Тој вели дека критично е да се знае дека постојат два вида на патување низ времето и дека патување во иднината дефинитивно би било возможно.

Според Алберт Ајнштајн, доколку се патува во Вселената со брзина блиска до онаа на светлината, а потоа леталото се сврти и почне да се враќа назад на Земјата, часовникот на него ќе се движи побавно. Тоа значи дека по враќањето на Земјата, таа веќе ќе биде во иднината.

Исто така, доколку се наоѓаме во близина на силен извор на гравитација – неутронска ѕвезда, црна дупка и слично – и се доближиме до работ на тој објект (хоризонтот на настани), времето ќе се забави во однос на сè друго. Доколку по тоа повторно се вратиме назад на Земјата, тоа ќе биде во нејзината далечна иднина (додека, на пример, на хоризонтот на настани сме поминале неколку минути или часови).

Секој физичар се сложува со ова, меѓутоа не и со можноста за патување во минатото.

Главниот предлог вреден за внимание како тоа би можело да се стори е со користење на концептот наречен „wormhole”, т.е црвоточина.



Тоа е хипотетичко тополошко обележје на време-просторот, кое што всушност претставува скратен пат низ времето и просторот, т.е еден вид на мост од една до друга локација. Алберт Ајншајн овој концепт го открил уште во 1935-та и увидел дека доколку се манипулира со отворите на црвоточината (на пример, еден да се стави блиску црна дупка), тогаш времето помеѓу двата отвори нема да минува исто, па така не само што би било возможно да се оди од една локација до друга, туку и од еден момент од времето, во друг – во минатото или во иднината.

Науката сè уште не знае дали ваквите тунели навистина постојат и доколку постојат, дали би било возможно да се помине низ нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...