Кој бил најлошиот период да се биде жив во човечката историја?

Моментално живееме во најбезбедниот период од човечката историја и генерално гледано 2010-тите се одлично време да се биде жив.



Кој бил најлошиот период да се биде жив?

Ова прашање било поставено од скорешна историска студија со цел да се открие како европскиот монетарен систем се променил по падот на Римската империја.

За таа цел, истражувачите барале докази од загадување предизвикано од процесирање на сребро во заледените јадра длабоко во европските Алпи. Правејќи го тоа, тие дошле до разни сознанија во врска со природните катастрофи и климатските промени низ вековите, како и до заклучок дека векот кој следел по 536-тата година бил најмизерен период за да се биде жив.

Тоа било почетокот на најлошиот период, ако не и најлошата година било кога.



Причината за тоа не биле само војните и смртоносните болести, бидејќи поради екстремни временски прилики настанала широко распространета гладта. Иако постојат многу теории зошто таа се појавила, најцврстите докази посочуваат кон „вулканска зима“, предизвикана од „мистериозен облак“ од пепел и прав исфрлен од вулканска ерупција.

Никој не е целосно сигурен за кој вулкан се работи, но новата студија нуди докази дека ерупцијата била во Исланд, бидејќи ледените јадра во Европа содржат вулканско стакло кое е хемиски слично на честичките пронајдени низ Европа и Гренланд.

Кој и да бил вулканот, ефектите се почувствувале насекаде низ светот, бидејќи предизвикале „мало ледено доба“ и синџирна реакција со уништување на засаденот род и сеопшта глад. Во лето врнел снег во Кина, а суши го погодиле Перу. Во 536-тата година, пак, во поголемиот дел од светот снемало леб.

Сето ова предизвикало и мноштво социјални проблеми, а некои истражувачи сметаат дека ефектите од вулканската ерупција во 536-тата биле толку сериозни што предизвикале паѓање на империи. Во векот кој следел по оваа ерупција, бил забележан колапс на Сасанската империја, источно Римското царство, политички пресврти во Кина и слично.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...