Тајно оружје против фобијата од пајаци е скриено во нас

Милиони луѓе низ светот имаат арахнофобија – ирационален страв од пајаци – за кое доказите сугерираат дека се работи за вродена човечка реакција еволуциски вградена во мозокот.

Сега, направен е нов експериментален третман со кој овој страв би можел многу лесно да се отстрани – само со пулсирањето на сопственото срце.



Англиски научници откриле дека срцевите отчукувања на пациентите можат да бидат инкорпорирани во терапија со компјутеризирано експонирање со цел да се отстрани стравот од пајаците, но и други ирационални стравови.

Истражувачите од универзитетот Сасекс развиле терапија со експонирање која вклучува разни методи на експонирање на луѓето со објектите на нивните стравови, со цел да се условуваат нивните трауматски стимули.

Претходни истражувања на интероцепцијата - нашата сензорна свест за внатрешната состојба на телото – сугерирале дека тајмингот на срцевите отчукувања бил поврзан со процесирање и сигнализирање на стравовите.

Во оваа нова студија, истражувачите сакале да испитаат дали оваа поврзаност може да се искористи како дел од терапија со експонирање, при што биле анализирани 53 здрави партиципанти кои покажале големо ниво на арахнофобија преку онлајн анкети.



Тие биле поделени во 3 групи, врз кои биле направени терапии со компјутеризирано експонирање – покажување на слики од пајаци на компјутерски монитор – додека партиципантите носеле ECG сензори за следење на нивната срцева активност.

На едната група сликите биле прикажувани синхронозирано со нивните срцеви отчукувања (за време на систолата, сигнализација за срцево возбудување кога срцевите мускули контрахираат), додека на другата сликите биле прикажувани помеѓу секое срцево отчукување (диастола, кога срцевите мускули се релаксираат). Третата група била контролна, каде сликите биле прикажувани со случаен тајминг.

Поголемиот број од партиципантите покажале редукција во нивната фобија, која била најмногу изразена кај оние од систолната група.

Овој ефект бил зголемен кај луѓето кои имале подобра интероцепциска свест, односно оние поспособни да го детектираат и следат сопственото срцево отчукување.

Ова ново откритие сугерира дека терапија со специфично временски темпирано експонирање поврзано со срцевите отчукувања може да ги модулира нејзините резултати и да помогне во создавање на третмани специфични за секоја индивидуа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...