Играњето компјутерски видео игри позитивно влијае врз мозокот

Сè повеќе се зголемува бројот на доказите дека играњето компјутерски видео игри може да има придобивки за мозокот, како што се подобрена когнитивна контрола, емоционална регулација, подобра координација помеѓу очите и рацете и сл.



Тим истражувачи од универзитетот за електронска наука и технологија во Кина и Macquarie универзитетот во Сиднеј, Австралија, користеле функционални MRI (fMRI) скенови за да анализираат мозоци на 27 гејмери кои постигнале професионално, т.н „експертско“ ниво играјќи акциони видео игри и кои биле добитници на разни регионални и национални натпреварувања во League of Legends или DOTA2.

Тимот ги споредувал овие скенови со мозочната активност на луѓето кои вообичаено не играле ваков вид на видео игри, а скенирањето било фокусирано на мозочниот инсуларен кортекс, регион асоциран со „повисоките“ когнитивни функции кои ги имаат луѓето и мајмуните, како процесирање на говорот, емпатија и сочувство. Тој исто така е асоциран и со способноста за фокусирање на одредена задача и моторна контрола на артикулирање на говорот, голтањето, синхронизираното движење на рацете и очите и др.

По анализирање на скеновите, било заклучено дека не само што регуларното играње на вакви игри ја зголемува сивата мозочна маса (одговорна за мускулната контрола и сетилните перцепциски вештини како гледањето и слушањето, мемориската функција, емоциите, говорот и формирањето на одлуки), туку и промовира подобро мозочно поврзување во одредени субрегиони во мозокот асоцирани со овие функции.



Ова не значи дека секој би требало да почне да се занимава со играње на видео игри за подобро си го развие мозокот, бидејќи и други видови на повторувачки задачи базирани на разни вештини (како спорт, сликање, возење и сл.) ќе имаат слични ефекти.

Добро е да се знае дека гејмингот не „заглупува“, како што тоа често се тврди, ниту пак го уништува мозокот, напротив, може да има спротивен ефект и да ни овозможи побрзо да учиме и да ги примаме и обработуваме информациите во мозокот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...