Бактерии кои произведуваат електрицитет – иднината на чистата енергија

Длабоко во рудниците, на дното на океаните, па дури и во нашите сопствени стомаци, бактериите создаваат електрицитет со цел да преживеат во опкружувања каде има малку кислород.



Овие потенцијални малечки создавачи на електрицитет сега се користат во разни експерименти и еден ден ќе можат да напојуваат сè од батерии па до т.н „биодомови“.

Постојат многу различни видови на бактерии способни да создаваат електрицитет, но истите се тешки и скапи за размножување во лабораториски услови, со тоа забавувајќи ја нашата способност да развиваме нови технологии кои би ги искористиле.

Сега, нова техника е развиена од инженерите од MIT која значително го олеснува сортирањето и идентификувањето на бактерии кои создаваат електрицитет, што ги прави поподготвени за користење во постоечките технолошки апликации.

Ваквите бактерии создаваат електрони во нивните клетки и ги ослободуваат низ малите канали во нивните клеточни мембрани во процес кој се нарекува EET - екстрацелуларен трансфер на електрони.

Сегашните процеси за нивно идентификување вклучуваат мерење на активноста на ЕЕТ протеините, што е тежок и долготраен процес.



Истражувачите понекогаш користат и процес наречен диелектрофореза за одвојување на два вида бактерии базиран на нивните електрични карактеристики, кој може да се користи за откривање на разлики помеѓу два различни вида на клетки, на пример од жаба и од птица.

Тимот од MIT успеал да ги издвои клетките така што врз бактериските нишки во микрофлуидни канали во форма на песочен часовник била аплицирана струја со мала волтажа, за потоа врз база на волтажата потребна да се манипулираат бактериите да биде пресметана поларизацијата на секоја од нив – односно способноста на клетката да создава електрицитет во електрично поле.

Следен чекор за тимот е тестирање на бактерии кои се сметаат дека се силни кандидати за создавање на разни видови батерии.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...