Металот од астероидот кој ги убил диносаурусите убива и канцерогени клетки

Иридиумот, металот асоциран со астероидот кој го предизвикал крајот на геолошката ера Креда, може да се однесува како „невидлива бомба“ која влегува во јадрото на канцерогените клетки.

Кога врз него се „испукува“ сноп светлина, тоа предизвикува околните молекули кислород да станат реактивни, притоа убивајќи ја клетката.



Одредени молекули кога се експонирани на светлина создаваат оксидирачки агенти кои се многу повеќе штетни за канцерогените клетки кои бргу се двојат и размножуваат, отколку за здравите клетки. Тоа значи дека со ваква терапија би било возможно да се уништуваат тумори без да се наштетува на околните здрави клетки, каде иридиумот би ја играл „главната улога“.

Професорот Питер Седлер од универзитетот Варвик во неговите истражувања открил дека иридумскиот комплекс бил најдобар за тоа, меѓутоа сам по себе тој не може лесно да патува каде што е потребен. Затоа бил искористен крвниот протеин албумин кој не само што го привлекуваат канцерогените клетки, туку може и да пенетрира во нивното јадро и да го носи иридиумот како „товар“ кој таму би го испуштил.

Оваа терапија треба да биде тестирана прво врз животни а потоа и луѓе, но нејзиниот потенцијал е многу јасен.

Инаку, иридиумот е тежок метал, најгуст од сите елементи, од кој се состои многу мала компонента од астероидите и уште помала од кората на Земјата, бидејќи поголемиот дел од иридиумот е паднат во земјиното јадро. Според тоа, неговото присуство во поголема количина на Земјата е маркер за астероиден удар. Слојот иридиум кој бил поставен врз Земјата пред 66 милиони години бил еден од најважните докази за удар на астероид кој го предизвикал изумирањето на сите копнени диносауруси.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...